Home News Никола околу враќањето во Македонија: Ништо не е невозможно, се е Божја...

Никола околу враќањето во Македонија: Ништо не е невозможно, се е Божја промисла…

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој долги години е азилант во Унгарија, денес двапати се огласи на својот профил на социјалните мрежи.

Во првиот статус, тој упати честитки за Нова година, посака успех, здравје, а порача и уште нешто:

„Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Аг онијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.“

На оваа негова порака, доби илјадници желби за негово враќање во земјава.

Пред неколку месеци, поранешниот висок службеник во ДБК, Александар Диневски, анализираше дека е можно Стразбур да ги прогласи амнестиите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за легални и Никола Груевски да се врати во земјата.

На оваа тема, денес во својот втор статус, проговори и самиот Никола Груевски:

„Денес низ различни медиуми и апликации добив стотици и илјадници топли честитки со искрени желби за здравје, среќа, успех и враќање во Македонија, во новата 2023 година, на кои физички е невозможно да одговорам поединечно во брзо време.

Ништо не е невозможно. Се е Божја промисла и за секој од нас Бог има некаков свој план, понекогаш дури и кога се изгледа безнадежно.

Благодарам уште еднаш. Еден пријател синоќа ми пишал: “И така и оваа година ќе си замине… како и многу други пред нејзе…а нас ќе ни останат сеќавањата… се надевам само добри… среќна нова година Никола.

Му честитав возвратно со најдобри желби и допишав: “Да, годините минуваат, а сеќавањата остануваат и тоа е предвидливо.

Но, тоа не го прави животот бесмислен ако човек има цели во животот базирани на чесни основи, ако има идеали и ако има љубов”, напиша Груевски.

Дали ќе му се оствари желбата на Никола Груевски, останува да се види во следниот период.

Previous articleЌе летнат „гулабите“, ѝ рекоа на Гавазова откако комотно се прошета низ домот во овој фустан со екстра отворено деколте (ФОТО)
Next articleДевојка од Швајцарија која била на сплавот во Белград: Одеднаш останав без пријатели, сите ги снема