Home Live Сузана Турунџиева со емотивна порака до нејзината пријателка која се упокоила минатата...

Сузана Турунџиева со емотивна порака до нејзината пријателка која се упокоила минатата година (ФОТО)

„Велат дека на секоја жена ѝ е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата (Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотични места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: Ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил ги објави украсите кои рачно ги изработува во едно помало видео, а потоа напиша дека е бескрајно благодарна за овој талент кој го поседува.

-Ти благодарам животе. За талентите кои ми ги намножи, за со нив да можам непрестано да растам, да учам, да се усовршувам и да усреќувам…

Особено Ти благодарам затоа што ми даде очи и уши за да можам да видам и слушнам кој се радува, а кој ги презира и игнорира моите таленти. За СЕ Ти благодарам.

Во интервју за Хибрид, Сузе објасни што ѝ е инспирација кога пишува книги и која мисла ја воси, а која сака да ја избегне.

– Имаше моменти за кои чувствував дека сакам да ги прескокнам ама се’ е наша историја, макар и не било нешто убаво во нашиот живот, макар имало и некои личности кои сакаш да ги избришеш. Но, гума за бришење нема.

Донесов одлука, со никого не ја споделив и си реков дека тоа моментот што го чекам, сум достигнала некаква ментална зрелост, тогаш имав 36 години и јас ова ќе го ставам на хартија.

-Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми. Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво. Но, не се разреши убаво, стигна најстрашната вест.

Сузана на eдна објава на Фејсбук објави слики од нејзината помала ќерка Матеа, која пораснала во вистинска убавица.

Всушност, поводот е свадба, а Матеа беше облечена во бело фустанче и изгледаше на ангел.

„Најубавите денови секогаш започнуваат во Соник. Еми и Тео ми го скоцкаа бисерчето за најсреќниот дел на дада Мила. Нека биде долговечна љубов, среќа и бериќер за Мила и Аце,“ напиша Сузе.

Во коментарите се редеа безброј убавини и честитки и многумина и посакаа на Суза да си дочека свадба и на Матеа. Коментираше и Маријана Новачевска, која за Матеа напиша:

„Кукла, убавица“, што навистина Матеа е убава како и нејзината мајка.

Сузана Турунџиева во интервју за Женски Магазин зборуваше за нејзините почетоци, нејзините дела и се’ она што го има постигнато.

,,Во минатото умеев почесто да плачам, мислејќи дека така ќе си олеснам. Подоцна увидов дека не ми станува подобро, ниту полесно, туку само се залажувам.

Не паметам кога последен пат се имам расплакано, веројатно затоа што јас немам време за плачење, жалење и кукање се додека од мене зависат други на кои сум им потребна здрава, насмеана, ведра и со широка насмевка и прегратка.”

Што се однесува до прашањето како ја држи главата горе после сите искушенија кои и ги предизвика животот, Сузана одговори дека потрагата по некои вечни прашања за неа се’ уште трае.

,,Што се однесува до ГЛАВАТА ГОРЕ, чинам дека тоа ми е во „фабричка подесеност“ и го имам наследено од татко ми Васко.

Секогаш кога ми е тешко и кога ќе се погледнам во огледало, го гледам и слушам него како ми вели:

„Можеш ти сине и ова ќе го победиш.“

Сузана е мајка на две ќерки, Лора и Матеа, а постарата ќерка, Лора веќе се има остварено како мајка, а Сузе како баба. Сузе објави многу тажна и емотивна слика на својот Фејсбук, а тоа е всушност последната објава за минатата година.

На сликата е Сузе со две пријателки, сликана покрај новогодишната елка, а сите три изгледаат многу среќно. Едната пријателка на Сузе се упокоила минатата година, а Сузе оваа објава ѝ ја посвети на пријателката Дани.

„Не жалам за ништо во 2022та… Единствено жалам затоа што во неа засекогаш ќе остане нашата сакана Дани,“ напиша Сузе и стави скршено срце во описот.

Previous articleПријател на Марија Рамадановски, ќерката на Џеј, ја „наби“ дека е време за мажење, вака изгледа блескавиот прстен (ФОТО)
Next articleЖивотот те плаши до треперење, еднаш, два пати, десет пати- Маријана од Австралија ја ракажа својата приказна