Home Live Животот те плаши до треперење, еднаш, два пати, десет пати- Маријана од...

Животот те плаши до треперење, еднаш, два пати, десет пати- Маријана од Австралија ја ракажа својата приказна

Поранешната пејачка ѕвезда, Маријана Новачевска, која пееше во дует со својата сестра Росана Сариќ Тодоровска, повеќе од три децении живее во Мелбурн, Австралија.

Вели дека има нормален живот, исполнет со мир и спокој. Посветена е на нејзините две деца, внукатаи работата. Новогодишните празници за неа се многу повеќе тажни, отколку среќни.

– Причината за тоа е што не можам да ги прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочуваме.

Пoсветена сум на моите деца, коине се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик.

Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана во една прилика во Женски магазин.

Секоја година украсува елка, а околу неа ги реди подароците наменети за своите најмили.

– Во мојот дом елката не е среде соба, но висока е „две- три педи“. Истата елка ја украсувам 28 години. Децата секоја година на шега ми велат ,,мамо дали знаеш дека се продаваат и поголеми елки“.

Но, не можам да се откажам од неа. Многу си ја сакам, таква малечка, а и подароците околу неа изгледаат многу поголеми – откривла Маријана. Таа на Фејсбук често знае да став по некој шеговит статус, нешто позитивно и интересно.

Па така, во еден од своите понови статуси, Маријана вели: Бев на ренген да се снимам. Ме прашуваат што треба да снимам? Им кажувам дека сакам да снимам спот, некое ЦД, да станам популарна, ама докторот инсистира да снимам глава“.

Маријана на својот Фејсбук профил објави интересна приказна во која раскажува за нејзиниот живот, и една опуштена слика од нејзиниот дом како одмара по прославата на Новата година.

Новачевска е инаку искрена жена, па и во овој статус, таа раскажала искрена приказна која доста кажува за тоа каква личност е всушност таа, што ѝ се случувало и во што верува:

– Животот знае многупати да те исфрли од баланс….. еднаш, два пати, десет пати, многу пати за да не се откажеш, и се додека не ја научиш лекцијата ја учиш и продолжуваш.

Животот те плаши до треперење се додека самиот ти, таа, тој, ние, вие не се ослободат од тој СТРАВ и продолжиме да веруваме во добрините на истиот.

Животот знае понекогаш и да се смешка кон тебе, да ти се исмејува се додека не научиш и самиот да се радуваш и насмевнуваш.

Животот знае и да те негира се додека не погледаш околу себе и не сознаеш дека ти си таа убавина, ти си таа љубов. Стануваме незапирливи кога ќе го достигнеме тоа нештото кое никој не може да ни го одземе.

Тој начин на размислување, нашиот карактер, нашата транспарентност, нашето цело битие. Ете, така ми дојде“, СРЕЌНА НОВА“, напишала Маријана.

До оваа, таа  објавила слика од неа како опуштено си ужива дома, легната на кауч, а на другата слика е со пријателка, и наздравиле со црвено вино.

Previous articleСузана Турунџиева со емотивна порака до нејзината пријателка која се упокоила минатата година (ФОТО)
Next articleЗоки Фаци никогаш поискрен: Чекање по болничките ходници, сам и во исчекување, на никого да не му се случи