Home Live Зоки Фаци никогаш поискрен: Чекање по болничките ходници, сам и во исчекување,...

Зоки Фаци никогаш поискрен: Чекање по болничките ходници, сам и во исчекување, на никого да не му се случи

Зоран Василевски или Зоки Фаци веќе некое време не работи како новинар, но со емоции зборува за годините поминати во медиумите во едни неговот интервју во Репортер.

Приказната тргна пред 15 години, кога почна да пишува прилози за животни во весникот „Вест“.

Од тогашниот уредник Горан Михајловски доби шанса да пишува за естрадата. Кога по некоја година почна да работи на телевизија, ја направи емисијата „Фаци“ и го доби прекарот што го носи и денес.

„Таблоидното новинарство е една од најтешките професии во Македонија. Сум снимал и политичари, но од сите најголем предизвик ми бил Азис. Дојде во емисија со тројца дечки, тројцата исто облечени.

Па кога го прашав дали има пар тнер, ми кажа дека е во врска со еден од нив, но не сакаше да открие кој и додаде дека тие секогаш се облекувале исто за новинарите да не дознаат кој од нив му е дечко“, се сеќава Зоки.

На прашањето дали измислил афера за некого, само за да му се одмазди вели: „Признавам, сум го правел и тоа“. Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди.

Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми. „Да се десеше тоа пред 15 години, дома ќе си ја трескав главата од ѕид, што ќе кажат моите, ама сега ми е сеедно.

И кога ќе ме повредат, знам да се носам со тоа достоинствено. А ако го сака тоа јавноста, јас ќе направам уште пет видеа, нека ми ги пуштат“, рекол Зоки за Репортер.

Зоки Фаци, со години важеше за еден од најко нтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата.

Неодамна откри дека се оперираше од кан цер и ова речиси сосема му го смени животот.

„Кога ми кажаа дека имам ту мор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија кан це р од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа“, искрен е Зоки за болеста.

На почетокот се повлекол во себе. Комуницирал само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која му била голема поддршка. Вели поминал лесно, без хе моте рапија и две недели по операцијата веќе бил на нога.

Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко, ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често.

„Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, раскажа Зоки за „Репортер“.

Зоки Фаци во своот нов статус на Фејсбук искрено кажува што доживеал минатата година која му била многу тешка, и раскажа како ги пребродил ови тешкотии и лоши денови.

-Во 2022 водев битка со кан-церот, операции, прегледи, пет скена, чекање по болничките ходници, онака исплашен, сам и во исчекување, чувство што не се опишува, а не дај боже да го доживеете.

Беше стр ашно, но никако очајно. Мојата позитивна енергија и насмевката ме туркаа напред, а научив дека е најтешка борбата сам со себе. И ете фала му на Бога успеав.

Не знаеме колку чекори имаме до крајот, но битно е да останеме човечни. Јас ќе ви посакам во 2023 само здравје, другото доаѓа само по себе…и не се предавајте, животот е убав“, порача Зоки Фаци на Фејсбук.

Previous articleЖивотот те плаши до треперење, еднаш, два пати, десет пати- Маријана од Австралија ја ракажа својата приказна
Next articleМаја Платнар: Донирав и не се фалев со тоа, не заслужив ли една честитка за Нова година?