Home News Девојка од Швајцарија која била на сплавот во Белград: Одеднаш останав без...

Девојка од Швајцарија која била на сплавот во Белград: Одеднаш останав без пријатели, сите ги снема

Сплавот „Фристајлер“, на новогодишната ноќ потонал до половина додека во него настапувал познатиот српски пејач Реља.

Kако што јавуваат српските медиуми, набрзо по одбројувањето на полноќ сплавот почнал да се полни со вода, настанало стампедо и некаде десет минути по полноќ, на сплавот веќе имало вода.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ вели дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од дозволеното

и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните. Шапиќ вели дека ќе има контроли и драконски казни, но и кривична одговорност.

За 18-годишна девојка од Цирих и нејзините пријателки, новогодишната ноќ во Србија заврши шокантно. Синоќа Ана и нејзините другарки биле на сплавот „Фристајлер“ на Сава, кој нешто по полноќ почнал да тоне со голема брзина.

Девојката, која швајцарските медиуми ја нарекоа Ана Т., пречекот беше целосно фијаско. Како што изјавила за медиумите, кога сплавот почнал да тоне, сите почнало да ги фаќа паника, пренесува Телегарф.рс.

„За среќа, никој не е сериозно повреден“, изјавила девојката за медиумите. Ана опишала како сплавот бил преполн кога избил ха ос десет минути по полноќ.

„Имаше многу Швајцарци и Срби кои живеат овде или се Швајцарци по потекло од Србија. Атмосферата беше одлична додека не почна паниката. Прво не разбрав што се случува.

Прво некој викна: „Н -ож!” и сите почнаа да трчаат кон излезот. Први исчезнаа работниците во клубот”, тврди младата девојка од Швајцарија.

Кога видела дека нејзините стапала се во вода и дека објектот со голема брзина се полни со вода, сфатила дека нападот со н -ож не бил причината поради која луѓето почнале да бегаат.

„Сплавот почна да тоне! Сите гледаа да се спасат и само се туркаа кон излезот. Се плашев за својот живот и многу брзо ги загубив сите мои пријатели. Така сигурно било на Титаник”, изјавила младата Швајцарка.

Дури кога стигнала до брегот сфатила што се случило. Го видела сплавот како бил половина потопен во вода.

„Над водата остана само влезот, кој е поврзан со брегот со мост“, вели таа.

Девојката вели дека е среќа во несреќата што немало повредени, но додава дека и по бегството било многу трауматично за нив.

„Надвор беше многу ладно, немавме јакни, мрзневме“, вели Ана.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува.

Кога сплавот се навалил, почнала па никата и стампедото кон излезот.

Извор: 360

Previous articleНикола околу враќањето во Македонија: Ништо не е невозможно, се е Божја промисла…
Next articleМилена од Канал 5 го покажа домот, но и сопругот кој долго време не го покажуваше (ФОТО)