Home Live Димитар ѝ купи специјален подарок на Сара за Нова година, а после...

Димитар ѝ купи специјален подарок на Сара за Нова година, а после ѝ се налути: Човек ќе те викне да помогнеш… (ФОТО)

Во декември минатата година, за жал овој свет го напушти мајката на Димитар Атанасовски, Сузана.

Пријателите на социјалните мрежи се простија со неа објавувајќи дека долго се бо рела со болест. Пишуваат дека била неверојатно добра жена и многу ќе им недостасува.

Димитар на својот Фејсбук профил објави ск ршено срце и ја споделил објавата на профилот на неговата мајка:

-Почитувани, со тешко срце ве известуваме дека нашата најсакана сопруга, мајка и баба, нашата лавица Сузана, после огромна битка која неуморно до последна секунда ја водеше, денес нѐ напушти.

Сите пријатели и роднини ќе можат за последен пат да се поздрават утре (8ми декември) во 10:00 цасот во капе лата во Бутел.

Суки наша, вечно ќе ни недостасуваш, остави празнина која никогаш нема да може да ја пополниме. Поч ивај во мир и спокој“, стоеше во објавата, лани.

Сопругата на Димитар, Сара Мејс е исто така многу тажна по загубата на свекрвата и напиша: Сукле… Ќе ни фалиш многу…

Димитар сподели семејна слика од неговата упокоена мајка, која минатата година го славела својот роденден за последен пат и напиша: Ќе бидеш запаметена како најголем пример во светот. Среќен роденден!

Оваа негова објава ја сподели и неговата сопруга Сара Мејс која рече дека многу ѝ недостастува свекрвата и ја нарече пример и најдобра баба на Илина, нивната ќерка.

– Најголемот пример и најдобрата баба! Многу ни фалиш и уште многу ќе ни фалиш. Ах, Суки уште не ми се верува, овој роденден беше пред точно една година.

Највеќе боли кога Илина те бара, раскажува разни спомени почнувајќи со „Мојата баба”, кажува колку ѝ недостигаш, пушта балончиња накај небото и кога летаме ги гледа облаците и те бара во нив.

Среќна сум што имаше можност да има баба како тебе…. Макар и за кратко…“

Сара лани сподели убава новост, воодушевена од нејзиниот настап со харфата ви Скопје, и напиша колку е убаво да си на сцена по долго време.

-Скоро 24 часа сум под импресии, со пеперутки во стомак од вчера, ги гледам сликиве и не знам како да го срочам ова….

После 6 месеци повторно да се качиш на сцена е како да си вдишал длабоко на гради чисто планинско воздухче со мирис на тукушто расцветана лаванда…..

Енергијата што струи на сцената и енергијата што струи во публиката…. Е за тоа вреди да се живее!

Наздравувам за тоа што повторно почнавме да живееме Ура!“, напиша тогаш оваа наша музичарка.

Димитар гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и таму зборуваше како се подготвуваат со Сара за бебето што треба да им се роди.

Зборуваше и за тоа дека ќерката Илина не е љубоморна на братчето, и спие сама во својата соба.

-Подобро да ви плаче бебето на вас, во вашата соба отколку на мене, рекла ќерката на Димитар и на Сара. Димитар исто така кажа дека редовно вежба кросфит, и оди на работа откако ќе извежба.

Потоа, во емисијата се вклучи Сара која раскажа што е она што го сака кај својот сопруг.

„Тој е одговорен, многу добар татко, сопруг. Она што го сакам кај него е неговата чуста душа, што сака да помага на луѓето.

Го сакам неговиот директен хумор. Би сакала да го прашам, да направи паралела помеѓу времето во осумдесетите и во деведесетите, кога растевме без телефони и ова денешно време кога ни се достапни“.

Потоа Димитар на ова рече: Ова е наша интерна ситуација. Таа по дома секогаш ми замерува дека сум нон стоп со телефон.

За време на новогодишната вечер, Сара и Димитар ја дочекаа новата година во домашна атмосфера, а Сара подготвила месо, печени компири, сарми, кифли, руска салата…  

Димитар ја пофалил Сара и објавил слика на стори од јадењето и напишал: „Земи си жена домаќинка, слави си Нова година ко човек,“ а после додал: „Рачунај четворица славиме, од кој еден е на млеко. А другиве тројца на диво…“

Додека Димитар ја фалеше Сара за јадењето, таа се пофали што ѝ купил, а пред да го отвори поклонот рече дека дедо Мраз бил великодушен оваа година.

Потоа, Димитар ја снимаше Сара како го отвора подарокот и од кутијата извади патики, кои на Сара многу ѝ се допаднаа. Сара веднаш ги проба и му рече на Димитар дека се многу јаки.

Но, и на ќеркичката Димитар ѝ земал куќичка со тоалет, каква што побарала таа.

Потоа, Сара и Димитар си прославија со Просеко, а Сара на ова напиша: „Да свртиме на Просеко малце.“ Додека, Димитар го отвораше шампањот, Сара со телефонот си снимаше наоколу, а Димитар ѝ се налути и ѝ рече да му подаде чаши затоа што ќе му истече шампањот.

„Човек ќе те викне да помогнеш, камерман,“ рече Димитар, а Сара веднаш се стрча и му ги подаде чашите.

Previous articleМилена од Канал 5 го покажа домот, но и сопругот кој долго време не го покажуваше (ФОТО)
Next articleАнастасија во прегратките на друг маж, еве што ќе прават заедно, а Немања нигде го нема (ФОТО)