Home Live Ферус во друштво на оваа убавица- среќен и насмеан (ФОТО)

Ферус во друштво на оваа убавица- среќен и насмеан (ФОТО)

Штипскиот чочек му е специјалност на музички план, а жените и љубовта му се слаба точка. Кралот на саксофон, Ферус Мустафив, во едно интервју за ТОЧКА открил кој е највисокиот хонорар на Ферус и каде го потрошил.

– Јас владеам со својот инструмент, саксофонот. Роден сум во Штип, таму учев музичка школа, а татко ми пак беше едниствениот и првиот во Македонија кој го внесе саксофонот во народната музика и така јас се навлеков и научив да го свирам овој инструмент.

Инаку штипскиот чочек е дело на татко ми, а јас продолжив по неговите стапки.

Во студио во Лондон снимав цело едно ЦД со чочеци, меѓу кои е и штипскиот чочек и таму, англичаните ме нарекоа Ферус Кралот и така си ја добив таа придавка.

Се гордеам со моите внуци кои што свират и одат по моите стапки. Горд сум и на мојата фамилија која што е музикална и исто така учи од моето искуство и на некој начин оди по мојот успешен музички пат.

Ние сме фамилија музичари, за музика техничари.

Најголемиот хонорар што сум го добил досега беше во Франција, каде што настапував скоро со цела српска естрада, каде што заработив 180. 000 евра.

Ова е највисоката сума што сум ја добил некогаш и верувајте, чувството да се добијат тие пари за една вечер е неповторливо.

Јас знам да свирам 13 инструменти. Виолината ми е прв инструмент но не ја свирам баш, а најомилен за свирење ми е саксофонот. Се трудев многу, вежбав и ете денес можам да се пофалам со одлична музичка кариера и доста успеси позади себе.

Омилени бои ми се црната и белата, онака ми се најдраги за носење. Имам многу сакоа, сакам да бидам така облече, со таков сталјинг во тие бои.

Јас сум црно-бел човек. Инаку имам многу гардероба, во сите бои од цел свет, но да речеме дека едноставноста е мојот заштитен знак.

Нека бркаат жени и да слушаат убава музика. Мене жените и музиката ми даваат и ме одржуваат во живот“, кажал Ферус во ова интервју за Точка, а птѕооа додал на прашањето:

Како млад си бил голем срцекршач, а денес си фамилијарен човек. Колку жени поминале во твојот кревет?

-Е сега ме фати во небрано, ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам. Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кревет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван“

Мајсторот на дувачки инструменти во една прилика изјави вели дека музичката сцена е во криза и откри дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.

„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно.

„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, рече Ферус пред пандемијата.

Иако своевремено Ферус тврдеше дека жените како и музиката го одржуваат во живот, изгледа дека работите веќе се смениле. Е, со токму една многу убава жена тој е сликан на социјалните мрежи.

Станува збор за Ирена Спировска, која е облечена во фустан со реси кој одлично ѝ и стопи, Ферус кој и самиот вели дека порано бил женскои срцекрач, ужива во друштвото на оваа убавица, секако, во рабптна средба, на снимање.

Previous articleМуцунски се отвори за жена му Симона- ова е нивната љубовна приказна
Next articleУсните уште пополни, а полно и срцето од оваа причина- една нова Елена Велевска (ФОТО)