Home Live Милена од Канал 5 го покажа домот, но и сопругот кој долго...

Милена од Канал 5 го покажа домот, но и сопругот кој долго време не го покажуваше (ФОТО)

Убавата Милена Антовска- Станковска со години наназад е една од нашите најуспешни и најпопуларни водителки.

Таа, како што е познато е дел од тимот на Канал 5 телевизија, заедно со своите колешки Вера Мештеровиќ, Бубе Јаневска, Јелена Спенџарска.

Таа во една прилика одговори на многу приватни прашања.

-Што ме возбудува во животот? Хм… Интересно прашање. Па ме возбудува непознатото, иако ретко оставам на случајност“, рече неодамна во едно интервју за „modamoda.mk,“ нашата позната водителка Милена Антовска- Станковска.

Таа неодамна по породилното отсуство пак се врати на работа во Канал 5, а инаку е сопруга на Гордан и мајка на две ќерки, Лана Марија и Јоана.

-Скоро секогаш сакам да знам што ќе ми се случува и што ќе биде. Животот сам по себе ми е возбудлив, тоа што ја имам улогата на мајка исто така, затоа што секој ден учам нешто ново и менувам навики на подобро.

Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано“, рекла понатаму Милена во ова интервју во кое зборувала каква е таа приватно и што сака.

-Слушам многу стилови на музика. Зависи од расположение. Слушам и народно и забавно и многу сакам македонска музика. Секако ги следам и светските трендови, сакам и музика од англиско и шпанско говорно подрачје.

Сум имала многу предизвици во животот како и сите луѓе. И професионално и приватно. Во тој даден момент ми се чинеле дека се тешки, но кога сум ги надминала веќе станале лесни.

Предизвик ми било остварувањето во улога на сопруга и мајка, тешки ми се чинеле и предизвиците за почеток на секој нов проект, секоја нова емисија, тежок ми бил и предизвикот да се искачам на врвот Лакосигној итн.

– Што се однесува до првата и втората бременост, двете бремености ми беа многу поразлични. Со Лана Марија како да не бев бремена, немав никакви тегоби, буквално до последниот ден бев излезена и носев високи потпетици.

Со Јоана навистина ми беше потешко, речиси два месеца порано се повлеков од работа, затоа што имав отежната бременост, имав и некои други здравствени проблеми, итн. Но сега е сѐ во ред и се надевам дека така и ќе остане.

На Лана постојано ѝ зборувавме дека ќе имаме нов член во нашето семејство, дека таа ќе биде постарата дадичка, дека таа ќе треба да ми помага, да се грижи за неа, да биде малку помирна и потивка кога Јоана ќе спие итн.

Така што целиот тој процес го изодевме заедно јас и сопругот со неа, воопшто не ја двоевме и сега не ја двоиме.

Сѐ заедно правиме за таа да не се почувствува оттргната, изоставена, буквално сѐ правиме заедно за и таа да чувствува и знае дека има уште посебно место во нашите срца, како што ќе биде секогаш – нормално и за неа и за нејзината сестра.

-Најтешко е тоа што мојата работа некогаш е стресна. Постојано си под лупа, будно те следат, ја следат твојата работа и тоа знае да носи притисок со себе и не секогаш е лесно да се носиш со тоа“, рече Милена.

Потоа, таа раскажа каква домаќинка е: „Кога сум во кујна најчесто за појадок подготвувам овес со овошје или омлет, а за ручек сакам некоја традиционална македонска манџа, но и некој специјалитет со месо.

Потоа кажала дека се чувтвува убаво во она парче гардероба во кое се чувствува најудобно и своја.

Мојот личен стил би го опишала како модерен трендовски, но често и спортски- додала оваа убава водителка која со години кај нас е една од најпопуларните во ТВ етерот.

Милена Антовска уште многу рано сабајле тргнува на работа во Канал 5, каде што со години ја води Утринската програма. Таа прво објави стори како вози накај работа, и по шат слуша песна од Каролина Гочева.

Потоа, се пофали како е облечена, во кратка сукња која супер ѝ стои а го сними и нејзиниот колега Роберт Јанков. Блазеси им на гледачите кои сабајле палат Канал 5- кога Милена ќе се појави вака облечеа сигурно дека денот убаво им тргнува.

Милена на стори објави семејна фотографија со двете ќерки и со сопругот, Гордан кој ретко го покажува. На сликата тие се седнати покрај новогодишната елка во домот, а Гордан и Милена изгледаат многу среќно покрај нивните две ќерки.

На фотографијата може да се забележи дека Милена го има многу накитено домот и се чувствува празничната атмосфера.

Previous articleДевојка од Швајцарија која била на сплавот во Белград: Одеднаш останав без пријатели, сите ги снема
Next articleДимитар ѝ купи специјален подарок на Сара за Нова година, а после ѝ се налути: Човек ќе те викне да помогнеш… (ФОТО)