Home Live Муцунски се отвори за жена му Симона- ова е нивната љубовна приказна

Муцунски се отвори за жена му Симона- ова е нивната љубовна приказна

Градоначалникот на скоппската општина Аеродром Муцунски Прославил многу новогодишни забави кои биле интересни, со многу дружење и детски лудории.

Но, за Тимчо Муцунски, највозбудлив е масовниот пречек на Нова година на Тајмс Сквер во Њујорк, во присуство на илјадници луѓе од цел свет.

Детството и средношколските денови ги поминал во Америка и во Канада.Иако секогаш максимално бил посветен на учењето, подеднакво бил успешен и во воншколските активности.

Муцунски, за Женски магазин во една прилика раскажал колку му се важни ови празници, а исто така раскажал и како ја запознал својата сопруга.

-Да постојат одредени разлики околу славењето на Божик и Нова Година овде, во споредба со САД и Канада. За разлика од кај нас каде што фокусот е ставен на славењето на Нова година во угостителските објекти, во САД и во Канада.

Па, и генерално во западните држави, фокусот е ставен на заедничкото славење и дружење со најблиското семејството. Во однос на очекувањато во поглед на Новата година, пристапот генерално е сличен.

Како овде, така и таму преовладуваат мислите исполнети со надеж, желба и повици за сплотеност, солидарност и кохезија меѓу луѓето.

Иако со години растев во странство, откако се вратив во нашата држава нормално е да се прилагодите на традиционалното славење на празниците во земјата.

Според мене и едниот и другиот начин на прослава на празници си има своја убавина, но дефитивно најсилни се енергијата и позитивните чувства дома, во Македонија.

Како мал секогаш пишував писма до Дедо Мраз и она што е интересно, Дедо Мраз редовно ми одговараше на писмата и испорачуваше дел од моите желби.

Тајната во креативноста на одговорите на Дедо Мраз и исполнетите желби секако се лоцира кај внимателноста на родителите“, рекол Муцунски за Женски маагзин.

Младиот градоначалник на скопски Аеродром гостуваше во емисијата на Стефан Лазаров, млад јутјубер кој се прослави по емисиите на Сергеј Варошлија, а потоа јавноста го запозна преку водење на естрадниот ТВ-магазин „Ексклузив“.

Тимчо Муцунски се отвори за многу теми, од неговото детство, младост, но не остана некажано тоа што многумина од гледачите ги интересира, а тоа е политиката и какво мислење има градоначалникот за одредени политичари.

Тимчо е сопруг и татко, а во видеото многу се отвори за својот приватен живот.

-Шест години сме во брак, имаме синче кое има 5 години. Тие, заедно со моите родители, се целата поддршка која што ја имам, го носат најголемиот товар бидејќи често сум отсутен, недоволно време поминувам дома, но веруваат во тоа што го правам, така што сè ова што го правам, не би можел без нив.

-Со Симона се познаваме уште од студентски денови – бевме една генерација разлика на Правниот факултет. Сепак, нашата врска почна доста подоцна.

Сосема спонтана комуникација, но можеби и големата позитивна енергија од наши блиски пријатели ги создаде условите за еден брак кој е исполнет со љубов и многу, многу разбирање.

Голема драгоценост во семејството е нашиот син Иан“, рекол Тимчо Муцунски во една прилика во Женски магазин.

Previous articleВаква слика со Весна досега Дац не објавил- му седна во скутот, а тој порача… (ФОТО)
Next articleФерус во друштво на оваа убавица- среќен и насмеан (ФОТО)