Home Live Славјанка Петровска искрено кажа како ѝ поминала минатата година и раскажала важна...

Славјанка Петровска искрено кажа како ѝ поминала минатата година и раскажала важна семејна приказна

– На моите пријатели, моите сакани и граѓаните ќе им посакам Новата 2023 година да ја пречекаат со верба во љубовта и надеж дека сите ќе бидеме подобри личности од тоа што сме биле во годината што изминува.

Посакувам безброј убави мисли, насмевки и добри дела кои ќе бидат храна за нашето ментално и физичко здравје.

И најважното, најуниверзалното: многу љубов и искрени прегратки“, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за Женски магазин.

Инаку, Новата министерка за одбрана, Славканка Петровска е член на СДСМ. Родена на 11.1.1982 во Скопје. Таа е дипломиран правник, а високот образование го завршила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Славјанка Петровска во јануари ја прими функцијата нов минситер за одбрана, а во нејзиниот нов работен простор ја пречека досегашната минисљтерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Пред мене стои сериозен предивзик, да го сочувам она што досега е постигнато и да бидам политички двигател во процесите што ни претстојат“, рече новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Како да се договориле, Петровска и Шекеринска на примопредавање на функцијата во Министертвото за одбрана носеа исти штикли, сребрени, но исто така како да се договориле и двете да се облечат во малку појаки бои.

Шекеринска одржа говор, и таа облече розев капут и тесни панталони со штиклите, додека Петровска беше целата во сино, син мантил и син фустан. Потоа, Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство.

Петровска во оваа пригода беше пречекана, со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке” од страна на британскиот воен оркестар.

За цело време од официјалниот пречек, Петровска беше придружувана од британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Додека траеше интонирањето на познатата македонска песна, Петровска, заедно со министерот Валас направи смотра меѓу гардистите. Петровска по оваа посета беше ме та на шеги на социјалните мрежи.

-Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омра за. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата.

Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сekcиcтичka призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“, објави нејзината претходничка Радмила Шекеринска на Фејсбук.

За ови случувања и коментари таа даде свој коментар за ММС.

-Од каде и да доаѓа, и која и да е причината, бидете сигурни дека нема да ме поколеба да ја извршувам оваа позиција. Сето тоа е дел од хибридните напади. Јас жалам што гледам обиди да се поткопа сопсвтената држава…“, рече Петровска за ММС

-Оваа година ми прелета како брза птица. Во јануари ја превзедов функцијата министерка за одбрана и од тој ден приоритетите ми се променија“, кажа таа во новогодишното интервју за Женски магазин.

-Динамично, на моменти напорно, но сепак задоволна за тоа како ми помина годината. Благодарна сум и среќна сум за сите нови личности кои ги запознав, им благодарам за подадената рака кога ми беше потребна поддршка, за советите, за добронамерните критики.

Новата 2023 посакувам да биде позитивна година, да гледам повеќе насмеани лица, сите да нè служи добро здравје, чиста мисла и искрена љубов. Да се сакаме повеќе и да се обидеме во секој од нас да го гледаме најдоброто“, изјавила Петровска.

Мајка ми секогаш ја подготвуваше најубавата Божиќна трпеза, и секогаш на Божиќ имавме гости, многу гости. Тоа се мигови кога сите во семејството се посветени на радоста и љубовта.

Божиќното утро го почнувам со утринска, Божиќна литургија, а последните неколку години и така го дочекувам Божиќ, со целовечерна служба во Бигорскиот манастир“, раскажала Петровска.

Previous articleХана разочарана, брачната криза на Петар и Хана им „затропа“ на врата: По овој потег на пејачот, сите го критикуваат
Next articleВаква слика со Весна досега Дац не објавил- му седна во скутот, а тој порача… (ФОТО)