Home Live Усните уште пополни, а полно и срцето од оваа причина- една нова...

Усните уште пополни, а полно и срцето од оваа причина- една нова Елена Велевска (ФОТО)

Елена Велевска е една од најшите најдобри и најпопуларни пејачки, која има многу настапи во Македонија и во дијаспората.

-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала дека е толку жедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за здравица.

Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна.

На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на се што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна.

Ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика, истакна Елена во интервју за ИН ТВ за време на пандемијата.

Македонската фолкерка е една од оние во која очите на јавноста се постојано вперени. Заради новите песни и видео спотовите, приватниот живот па се до секојдневните објави на социјалните мрежи.

Елена Велевска, која со години наназад е една од најбараните наши фолк пејачки вели дека пандемијата, како и сите нејзини колеги значително ја променила.

Велевска уште еднаш ја потврди својата скромност во интервјуто за Фокус каде што проговори за актуелната ситуација уште еднаш.

Рече дека таа веќе не размислува повеќе за иднината, туку се научила да живее во сегашноста. Плановите на долги патеки, кои во минатото и биле секојдневие, сега ги оставила за некои подобри времиња.

Велевска е мајка на три деца, и пред три години се разведе од охриѓанецот Маријан. Елена Велевска за естрадниот магазин „Бекстејџ“ го најави враќањето на музичката сцена со нов видео-спот, но призна и дека наскоро повторно ќе биде сингл.

Елена истакна дека се трудела да го зачува бракот, но не успеала. Вели дека ќе се потруди годините поминати во брак да бидат основа за ги зачува добрите односи со поранешниот сопруг, Марјан Мирчески.

Таа додаде дека мажи има насекаде низ светот, а дека децата ѝ се најбитни од се.

– Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е“ вели Елена.

Велевска заедно со колегата од поп естрадата Александар Тарабунов гостуваше на ТВ „Алфа“ во емисијата „Фолк парада“ кај новинарката Антина Даева во една прилика. Велевска зборуваше за својата музика и одговараше на прашања од гледачите.

Еден од гледачите ја праша дали мисли дека би била толку успешна во кариерата ако не се омажеше и ако немаше деца. Велевска на почетокот малку се зачуди од ова прашање, и потоа одговори:

– Сигурно дека ќе бев посупешна ако не се омажев и ако немав деца, ќе направев повеќе, но децата ми се најважни, тие се мојата мотивација во животот“, одговори Елена.

Елена Велевска објавила стори на Инста како ѝ поминува Новата година во Америка каде што е сега на турнеја, и се гледа декае многу среќна и срцето ѝ е полно кога толку луѓе ја сакаат и ги сакаат нејзините песни.

А, она што привлекува внимание на новите слики на Велевска се нејзините усни, полни како на Северина, и може да се рече декаваква среќна и насмеана, со овие усни- ова е една Нова Елена Велевска.

Previous articleФерус во друштво на оваа убавица- среќен и насмеан (ФОТО)
Next articleИма нешто во воздухот, мириса на прстен, дали Игор ја запроси Илина преку камера (ФОТО)