Home Live Има нешто во воздухот, мириса на прстен, дали Игор ја запроси Илина...

Има нешто во воздухот, мириса на прстен, дали Игор ја запроси Илина преку камера (ФОТО)

Илина Арсова и Игор Џамбазов важат за еден од највљубените парови на македонската јавна сцена. Тие постојано споделуваат дел од заедничките мигови на социјалните мрежи, па така овој пат Игор реши да ги сподели своите.

Имено на крајот од јули, таа го прослави својот роденден, а како подарок од Игор доби куфер за патување. Е, токму тој куфер Игор тогаш го спомена во една своја објава на Инстаграм.

„За роденденот ѝ купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па, се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано…

Сам сум се уби вал. Еј животе, француски предлогу…“ – напиша Игор на фотографијата од Илина и куферот. Илина сега е на докторски студии на Универзитетот во Тенеси во САД, и со Игор се немаат видено неколку месеци.

Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен, Игор Џамбазов.

Бошко, како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете“, објави Вистина, пред речиси три години.

Поминаа скоро 11 години години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм во јануари во 2019 година објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:

-Осум години без мојот најдобар пријател Бошко, кучето кое беше поумно од многу луѓе…“. Сега, Игор пак се сети на својот Бошко на Инстаграм и објави своја позтара слика со него.

-2009, на рибникот во село Бабино. Бошко беше лудо вљубен во оваа мала срничка. Еднаш неделно го носев на визита. Мислеше дека е чивава, па сакаше да ја онади.

Но, го погоди суровата стварност. Не беа еден за друг. Нешто како Ицката и Моника Белучи“, напиша Игор на Инстаграм.

Јавноста секогаш ја интересира приказната како Игор Џамбазов се запознал со Илина Арсова, познатата планинарка и уметник.

Тој има раскажано дека во 2020 година, година, за време на карантинот, таа го поканила да остане кај неа во Дојран.

-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и ѝ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.

Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг, сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот.

Знаеш, на мои години, јас тоа подоцна го сфатив, ама среќен сум што барем го сфатив, дека сепак парите не се најбитни.

Јас видов во животот дека можам да ги заработам, и тоа многу повеќе отколку шо е вообичаено за ова наше поднебје, но веќе престана таа моја трка по пари – раскажа Џамбазов во Бекстејџ.

Нивната врска е секогаш во центарот на вниманието, ана крајот на минатата година во емисијата Еден на Еден, заедно ја раскажаа нивната љубовна приказна…

Tој во една прилика ја спомена и својата Илина и нивната љубов и во овој контекст рече:

-Да бидеш една од 70те жени во историјата на човештвото што успеале да го направат подвигот наречен „7те врвови“, тоа значи дека си навистина посебна.

Со Илина имаме една работа што ептен нѐ поврзува. И двајцата сме „мулти-таск“„.

Работиме повеќе работи, на повеќе полиња, и се трудиме во сите нив да бидеме еднакво успешни, Среќен сум што судбината ми ја прати.

И тоа пред моите порти во Дојран. Се сретнавме, и повеќе не се разделивме. Освен кога е на пат. Како сега. А многу често е на пат.“

Потоа го прашаа дали можеби ќе стапне на лудиот камен, тоест дали ќе се ожени со Илина, а прашањето гласеше:

Велат „првпат да застанеш на лудиот камен е храброст, но вторпат лудост“. Ќе останете само храбри или размислувате за „лудоста?“

А, на оваа тема Игор рече: „Во животот бев и храбар и луд. И сè уште сум храбар. Само што не сум толку луд. Ќе мора да ја прашате и „втората страна.“

Илина и Игор често на својот профил објавуваат заеднички слики и кажуваат колку си недостасуваат еден со друг.

Илина пред неколку денови објави фотографија како се гледаат на камера со Игор и си ја одржуваат љубовта на овој начин, сѐ додека конечно да се видат во живо.

Илина во описот напишала дека одржуваат топло, па под тоа се подразбира и за зимата и за љубовта. Во коментарите се редеа само пофални зборови, но највпечатливи беа два коментари, каде што се споменуваше свадба:

„Има нешто во воздухот, мириса на прстен“ и „Игоре не биди патриот, замини каде што ти е другата половина од срцето“, па после оваа тешка разделба може Игор навистина ќе го извади прстенот и ќе отиде кај својата сакана, а може и ќе ја запроси преку камера на романтичен начин.

Previous articleУсните уште пополни, а полно и срцето од оваа причина- една нова Елена Велевска (ФОТО)
Next articleШехерезад многу ослабена и среќна покрај Онур, изгледа исто како пред 17 години (ВИДЕО)