Home Live Ќерката на Светлана и на Мики Црнокрак го облече иститот фустан од...

Ќерката на Светлана и на Мики Црнокрак го облече иститот фустан од мајка ѝ кога била млада- Моника е копија на Светле, неверојатно се слични (ФОТО)

Мики и Светлана Црнокрак, сопственици на модното студио „Црнокрак“, важат за една најстабилните брачни двојки во македонскиот шоу-бизнис.

На јавни настани ретко ќе ги видите еден без друг, често и со децата Моника и Нина, кои речиси израснаа на модните писти кај нас.

Секогаш дотерани, во топ-форма, професионални и максимално посветени на работата.

Не испуштаат ниту еден јавен настан, заслужни се за обучувањето врвни манекенки и за организирањето избори на убавина без кои модната сцена во Македонија не би била иста.

За нив нема да слушнете ниту еден скандал, само озборувања. Дискретно си ги чуваат приватниот живот и домот, наспроти работата, која постојано им е под лупа на јавноста“, напиша Независен весник во една прилика за овој познат пар.

– Заедно сме речиси 26 години. Една година во врска и 25 години во брак. Онаа страсната љубов трае кратко… Многу побитно е она што подоцна ќе ја одржува врската, а тоа се меѓусебната почит, разбирањето, компромисот, помошта…

А тоа ние, како двојка, си го имаме – рекол Мики. „Празниците се традиција, убави се за одбележување, за забава, за дружење со пријателите, за подарување…“; изјавиле тие кога бил Осми март и додале:

-Така треба да се одбележи и 8 Март. Да се покаже почит кон жените, без разлика дали се тоа сопруги, мајки, сестри, другарки… Нас ни е секој ден 8 Март. Секој ден славиме љубов, почит и внимание – вели Црнокрак.

Секој ден треба да се негува љубовта. Но има магија и кога се даваат и кога се примаат подароци, тоа значи дека мислите и внимавате еден на друг…

Не ги делиме обврските. Ги завршуваме зависно од тоа кој е слободен и кој има време – објаснува Црнокрак.

Како што веќе напишавме погоре, знаете Светлана и Мики Црнокрак имаат две ќерки, кои се плод на нивната љубов, а успешно го водат и модното студио „Црнокрак“.

Постарата, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе покажа дека ќе чекори по стапките на познатите родителите освојувајќи неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитантски настап во 2018 година за Мис фотогеничност на изборот Мис лето Интернационал, кој се одржуваше во Киренија, Кипар.

Помалата, Нина сѐ досега не покажуваше афинитети кон оваа професија, но сега сѐ се промени.

Имено, помалата наследничка на Мики и Светлана ја претставуваше Македонија на Little Miss Galaxy 2022, настан за млади модели кој се одржа во Бугарија минатата година.

Оваа информација ја објавија на Инстаграм профилот на модното студио Црнокрак пред неколку месеци, каде што претставија уште 5 учесници од Македонија – Јована Угриноска, Матеја Дудиќ Дамјаноска, Михаил Михаилов, Елена Додевска и Дора Стефанова.

Светлана Црнокрак, како и секоја гордна мајка, објави слика од својата убава ќерка Моника која сега има 24 години. Моника според она што може да се види на сликите го облекла стариот фустан од мајка ѝ.

И на Светлана кога била помлада, и на Моника сега одлично ѝ стои, и на овие слики се гледа таа неверојатна сличност помеѓу мајјката и ќерката. Светлана објавила свои ретро слики, но и слики од ќерката сега.

До нив напишала: Мајка 19 години, ќерка 24 години, а на оваа објава тие добиле доста комплименти. Меѓу оние кои коментирале е и Росана Сариќ Тодоровска која напишала: две убавици, комплимент за две страни, браво.

Previous articleСпецијален ден во семејството на Тања Кочовска- причина за славење има ќерката Нела
Next articleСреќата ја најде покрај 23 години помлада жена- Еве за што најмногу се грижи и од што најмногу се плаши Воја Брајовиќ