Home Live „Идем у Дубаи“ – Лила изгледа како божица, еве зошто таа е...

„Идем у Дубаи“ – Лила изгледа како божица, еве зошто таа е најдобрата водителка (ВИДЕО)

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки.

Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам,“ напиша Лила.

Лила веќе има снимено неколку песни, а сега реши повторно да ѝ се врати на музиката, па минатата година сними дует со младиот пејач, Филип Пешевски.

Таа на промоцијата на оваа песна, дуетот со Филип Пешевски, целата блескаше. „Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Пешевски.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариера. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.

Лила за учесниците во нејзината емисија „Сѐ или нешто“ проговори:

-Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв.

Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините“, кажа Лила за Хибрид.

-Многу ми е драго што се тоа што го работам се одрази на најдобар можен начин на мојот син Филип, а тој ми е најважен од сè. Совет не давам никому ако истиот не е побаран од мене.

Сите мои млади колешки генерално работат на утрински и контактни емисии, каде улогата на водител реално не може многу да дојде до израз.

Така што јас немам направено некој профил во мојата глава на тоа како треба да изгледа еден водител денес.

Сметам дека образованието е важно во нашата работа. Често пати луѓето знаат да кажат дека факултетот не го определува човекот, но јас тврдам дека го описменува.

Јас имам завршено филологија на Универзитетот Св.Кирил и Методиј и имам добра подготовка за тоа што го работам.

За жал, денешните водители немаат можност да се искажат и докажат во тоа што го работат.

Порано, беше многу беше важна факултетската диплома, имавме кастинзи, имавме подготовка од страна на стручни лица, како Бранка Станковска која доаѓаше во Сител пред 20 години и не учеше на сите важни работи од нашата работа.

Да не заборавиме дека јас сум дете на МТВ, моите почетоци беа таму. Тоа беше време кога немаше шанси да се влезе во телевизија ако не постои талент и потенцијал за работа“, рекла за Хибрид Лила.

Лила е една од нашите најдобри водителки, а тоа што стана славна уште од времето, ја нема славата „уд рено“ во глава, што е често за повеќето. Таа во една прилика за себе кажа:

-Морам да признаам дека не сакам да седнам и да се соочам со себе дали кариерата влијаела на поинаков начин на мојот живот.

Можеби, до некаде и имала влијание. Јас постојано велам, оваа женска еманципација и самостојност колку е добра, сепак има лоши страни.

Успеав да останам приземна, мене популарноста воопшто не ме смени, но можеби влијаела на тоа да бидам сигурна во себе, да не дозволувам многу компромиси кои би се одразиле на приватниот живот.

Лила објави кој ѝ бил најубав поглед во изминатата 2022 година, а тоа бил одморот во Дубаи.

Лила објави видео како од една висока тераса гледа кон убавините на Дуваи, но како некој би го гледал погледот, кога Лила на видеото изгледа како вистинска божица, природна и скромна каква што е, во фустан кој толку добро може да ѝ стои само на неа.

Виидето кое Лила го објави можете да го погледнете подолу.

Previous articleШехерезад многу ослабена и среќна покрај Онур, изгледа исто како пред 17 години (ВИДЕО)
Next articleСани тајно се омажи, веќе не е Гроздановска, а Јасмин на Гавазова кажа нешто специјално за нea и Никола