Home Live Сања Ристиќ- „Ех, тој Тоше“, искрено раскажа за семејството, приказна за сопругот...

Сања Ристиќ- „Ех, тој Тоше“, искрено раскажа за семејството, приказна за сопругот и за децата

Веројатно и без да ве потсетиме, кога ќе се спомене нејзиното име, спомените веднаш ви се враќаат кон 1994 – тата година, кога на сцената на Универзалната сала се појави едно весело девојче и изведе една од најпознатите детски песни било кога направени.

Станува збпр за прекрасната Сања Ристиќ која во 1994 – тата година, ја изведе „Ех тој Тоше“ во рамки на „Златно славејче“, напиша Фепнел во една прилика.

Денеска, таа е успешен директор на секторот за комуникација со клиенти во маркетинг агенција.

Подеднакво весела каква што ја познаваме од малечка, со истата насмевка, без шминка, неверојатно позитивна и забавна, Сања за читателите на Fashionel во една прилика го отвори својот плакар, но поразговараче и за многу други интересни работи.

– Понекогаш и размислувам дали требало да останам во светот на музиката, во однос на јавни настапи, размислувам дали можеби можев да дадам нешто повеќе на тоа поле.

Да придонесам можеби повеќе за некои генерации, но потоа се присетувам на мојот постојан мотив за следен чекор „има зошто било тоа така, сѐ ни се случува со некоја причина поголема од онаа која ние си ја имаме во нашата свесна перцепција” и продолжувам понатаму.

The snow must go on, нели? (се смее). Кога подобро ќе размислам, никогаш „вистински” не престанав да се занимавам со музика…

Можеби не професионално, но музиката сепак ми е дел од секојдневието, не поминува ден да не поминам барем неколку минути во пеење или слушање квалитетна музика.

Неизбежен дел од секој мој долг ден е да ги ставам слушалките, да пуштам убава релаксирачка музика, да се исклучам и да медитирам подлабоко во некој друг свет…

Јас не ја сакам мојата професија, туку ја обожавам. Работам како директор на сектор за комуникација со клиенти во маркетинг агенција. Работам со прекрасен креативен тим со кој секој ден е забавен, хармоничен, позитивен и различен од секој претходен.

Во мојата професија нема бирократија, нема задолжителни строги правила, нема што мора, што не мора, нема здодевност…

Во креативниот свет, како што вели Ентони Дангело, умот е како падобран – функционира само кога е отворен.

Кога би бирала друга професија, истата би требало да ги исполнува сите горенаведени услови (се смее). Во однос на работата – секогаш сметам дека може да се даде повеќе и да се сработи подобро.

Во однос на животот – во изминатите неколку години, сфатив дека не може сѐ да е перфектно наредено во нашето битисување, така никогаш не би учеле повеќе од нашите грешки и од грешките на другите, така не би напредувале, не би се развивале, не би се „буделе”.

Секоја препрека си ја доживувам како добредојдена можност и предизвик да прераснам во нешто повеќе од крв и месо што

го користи кислородот на планетава, и го барам значењето на истата, зошто токму таа ми искрснала на патот по кој се движам, зошто баш во тоа одредено време и зошто баш на тоа одредено место“, рекла Сања за Фешнел.

Деновите по Нова година и пред Божиќ се најпразнични денови во годината, особено за најмалите, иако и ние возрасните им се радуваме, сепак завршува една година која секако оставила белег кај нас, а пред се‘ поради очекувањето на новата непозната но надежна 2023 година.

Дека деновите пред новогодишните празници се дефинитивно најубавиот дел од годината вели и маркетинг специјалистот и инфлуенсерката, Сања Ристиќ, која на јавноста најмногу ѝ е позната по детската песничка „Ех тој Тоше“, која таа ја отпеа на детскиот фестивал „Златно славејче“ пред 30-тина години, објави во сбој нов текст Женски магазин.

Сања е во брак со ракометарот Дејан Пецаковски, па го начнале и прашањето: кој е повеќе попустлив кон децата? Кој од синовите е по поврзан со неа, а кој со сопругот?

„Во родителството учествуваме заедно и со договор. Свесно разговараме што е во ред и што не е, имаме семејни правила кои се почитуваат и ниеден родител не отстапува од истите.

Тоа е некако најдобриот шаблон и родителите да имаат разбирање, а и децата да се научат дека секаде има ред, правила и начин на функционирање. Део е прилично понежен и повеќе наклонет кон мене, веројатно дека е помал.

Иан е комплетно во спортски филм, тренира активно фудбал и иако пробувам да му се вклопам во активностите, сепак Дејан како спортист му е поинтересен“,кажала Сања во ова интервју.

Previous articleОвој пејач на Драгана Мирковиќ ѝ должи огромна благоданост, токму за него направила многу
Next articleТони Михајловски искрено раскажа за сите здраствени проблеми со кои се соочил и како ги решил (ВИДЕО)