Home Live Специјален ден во семејството на Тања Кочовска- причина за славење има ќерката...

Специјален ден во семејството на Тања Кочовска- причина за славење има ќерката Нела

Нашата позната актертка Тања Кочовска, сестра на пејачката Лидија Кочовска, мајка на Нела и на Александар, баба на Јоаким, и сопруга на Предраг Павлоски, нејзиниот колега во една прилика кажа дека најчесто нема слободни викенди.

-Се случува понекогаш да имам еден ден од викендот слободен бидејќи имаме претстави токму тие денови. Обично понеделник ми е слободен ден, но и тука има отстапки кога работам други претстави.

Ми недостига да си посветам внимание на себе, на своето здравје со кое плаќам за напорот. Класични одмори немаме, плус со мојот сопруг Предраг заедно работиме на претстави така што класичните одмори се невозможни.

Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.

Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред.

Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите“, кажа Тања во едно интервју за Хибрид.мк и додаде:

-Досадно е да се работи со сопругот, тоа секој ќе го потврди. Проблемите од работа ги носиме дома, но знаеш што е позитивна работа во нашиот брак? Ние функционираме на друг начин.

Не го склопивме бракот на основа на поседување на другиот. Не. Ние не сакаме да манипулираме со нечиј живот. Двајцата сме дошле со некој минат живот и сме стапиле во брак многу свесно. Ниту еден од нас нема право на животот на другиот, ние си имаме приватен живот независно еден од друг.

Никогаш не сме се прашале “Каде одиш, со кого, каде беше и зошто”.

Ние сме заедно на многу интересен начин, веројатно затоа и врската ни функционира одлично.

Ако сега отидам дома и им кажам дека треба да отпатувам некаде на еден месец, јас имам организација за еден саат. Јас се пакувам, Предраг ги завршува техничките работи, децата помагаат со нешто друго и ме испраќаат на пат.

Јас ги воспитувам децата на многу специфичен начин. Кај мене нема “децата се мали не разбираат ништо”. За мене тие се единки, откако ќе се родат тие имаат живот. Да, се дел од мене, но се формираат во личности.

Моите деца од мали ги седнував на маса и со отворени карти секогаш разговаравме. Без разлика дали станувало збор за меѓу човечки односи, за работни односи или пак релација мајка-дете.

Кога беа мали никогаш не дозволував да се размазат. До ден денес ми го знаат погледот, имаат стравопочит. Јас сум личност која дозволува сè, разговараме за сè, но мора да има граница и да да се почитува родителот.

Како што јас нив ги почитувам, барам и тие мене да ме почитуваат назад. Сите прават грешки, така и тие. Штом направат ми кажуваат мене, бараат совет, затоа што се веќе големи, сè поминува преку мене.

Сите ние ги кажуваме отворено проблемите дома. Нема криење и ќутење пред децата. Тие треба да знаат сè. И ако јас како родител имам проблем, тогаш седнувам и разговарам со нив.

Ги прашувам за мислење, сакам да ме поучат за нешто, што тие мислат за некој мој проблем. Постапка која луѓето од страна ми ја критикуваат, но едно можам да кажам: моите деца ми давале подобри совети од кој било друг од страна.

Тие учествуваат во секој аспект од нашите животи, секогаш се дел од процесот, а кога ќе прифатиме нивна сугестија тогаш се најгорди на свет, два лебеда. Ги учам на сите луѓе да гледаат еднакво без разлика на сè.

Секогаш им ги објаснувам детално работите за да нема недоразбирања и нејаснотии. Нела и Александар се многу емотивни деца кои сакаат да помагаат, а јас како родител сум многу горда.

Не можам да поднесам лицемерие, дволичност, лажење…Не зборувам за оние бели лаги кои никому не му штетат, но другите намерни лаги страшно ми сметаат“, рекла Тања во ова интревју.

Тања секогаш на интересен начин ги означува важните датуми во нивното семејство, тоест, таа е кратка и јасна, кога се слават родендени или годишнини од бреак, таа само ја пишува бројката која го означива славењето.

А, така направи и овојпат, со својата убава ќерка Нела, која денес полни 27 години. Оваа лепотица која е исто така актерка има убава причина за славење, а гордата мајка објави нејзина слика и со две бројки кажа се- 27.

Previous articleСани тајно се омажи, веќе не е Гроздановска, а Јасмин на Гавазова кажа нешто специјално за нea и Никола
Next articleЌерката на Светлана и на Мики Црнокрак го облече иститот фустан од мајка ѝ кога била млада- Моника е копија на Светле, неверојатно се слични (ФОТО)