Home Live Тони Михајловски искрено раскажа за сите здраствени проблеми со кои се соочил...

Тони Михајловски искрено раскажа за сите здраствени проблеми со кои се соочил и како ги решил (ВИДЕО)

Тони Михајловски важи за еден од најдобрите и најистакнати македонски театарски, филмски и телевизиски актери, водител на радио и телевизија и стендап комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Ба рут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Тони Михајловски после долги години медиумска илегала конечно даде интервју минатата година и зборуваше за својата кариера, но и приватен живот.

Во фокусот на вниманието во разговорот за „Бекстејџ’ беше еден игран за деца кој што го снимаше Тони, но и сето она што досега ја одбележало неговата актерска, но и водителска кариера.

„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски.

Тони Шанац Михајловски сподели фотографија на социјалните мрежи, поточно на својот профил на фејсбук која датира од 2013 и се наврати на работата што ја работел, обезбедување и притоа напиша:

-Многу работи се работеле за преживување. И многу од нив, за само моја жал, немале никаква допирна точка со театарот, кој во овие времиња се покажа како не(толку)потребен, а уште помалку корисен.

Па сепак пријателствата, доживувањата, новите искуства кои се случиле за време на тоа преживување се бесценети.

За време на пандемијата, Тони Михајловски повторно ја врати емисијата „Опуштено“ и му гостуваа многу познати липчности како Елена Ристеска, д-р Милан Ристески, Јанко Илковски, Снеже Велков…

Тони Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во новата емисија Еден на Еден кај Жаре раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи? 2019.

А, пред него, шест години немав снимено, од „До Балчак“, потоа го снимив „Стела“, и сега повторно две години сум тука во пауза.

Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ ја снимавме, тоа е нешто најново што се работеше“, рече Тони за својата работа во Србија.

Кога „Опуштено“ ја емитуваше својата последна емисија, гостуваше триото, бендот кој настапува во текот на сезоната, но и актерите Ненад Нацев и Александар Михајловски, синот на Тони.

Тие во емисијата имаа улога на анкетатори, правеа забавни анкети низ Скопје.

– Ти си вработен во тетараот, така? Браво! Од дома те знаат дека си во емисија?“, го праша Тони Александар, а тој му одговори:

– Не, не, не ме знаат. Сам дојдов.

Потоа го праша неговиот колега Ненад Нацев: ти Нено, работиш нешто во театар, или поретко се случува, на што тој му одговори дека не е вработен во театар и објасни зошто.

-Се е див-еризја и не сакам да бидам дел од неа. Среќа што снимам по некој филм. Последниве три години изиграв една претстава во Драмски театар и многу убаво ми беше.

Јас сум еден од ретките што заработува и живее од друго, а глумата ми е љубов и ја оставам да ми биде најчиста“, рече актерот Нацев.

Но, најинтересното прашање кое Тони му го постави на синот е: Ќе направиш некогаш некој кумановски лик, „трибјут ту јуар фадер“, а тој рече:

-Игарм кај Јордан Симојов а тој ми вика: Ај збори на кумановски. Јас му викам: Те молам не на кумановски. Кај личам на татко ми, ќе ме уте -паат: Види го овој на Тони, имитира га татка… Ама, ќе ти ја превземам „Опуштено“.

Потоа, Тони го праша Александар: Колку има вистина во тоа дека татко ти ти мести улоги, а син у му рече: Многу. Еднаш дури ми намести улога и ја играше место мене!

Тони се појави во видео на Центарот на Биоинформатика на Водно и исрено раскажа за своите здравствени предизвици и за здравствените предизвици на неговото семејство.

Во изминативе три години со сите здравствени предизвици со кои се исправи нашето семејство ги решаваме заедно со бионформатичкиот центар на средно Водно, конкетрно јас после 25 години се справив со алергија на сонце.

Конретно за време за Ков ид кризата ми помогна да ја избгенма заразата на снимања, на сетови, додека бев со огромен број на луѓе. И секако чувството кај еден човек дека се ревитализира и дека неговиот организам оди кон подобро“, раскажа Тони.

Previous articleСања Ристиќ- „Ех, тој Тоше“, искрено раскажа за семејството, приказна за сопругот и за децата
Next articleЕлена искрено кажа какви мажи бира, и како ќе им врати на тие што ја повредиле