Home Live Елена искрено кажа какви мажи бира, и како ќе им врати на...

Елена искрено кажа какви мажи бира, и како ќе им врати на тие што ја повредиле

Нашата позната поетеса и колумнист Aна Бунтеска, во свој неодамнешен текст за Елена Ристеска во Женски магазин го кажа севоето мислење за оваа наша позната ѕвезда, и исто така и направи интервју.

-Она што го сакам кај Елена е нејзината фокусираност да се оди напред, силата со која не дозволи туѓите фрустрации да станат нејзини, нејзиниот природен сенс за естетика која во ниту еден миг не ја минала границата на добриот вкус.

Нејзината етерична убавина која е толку едноставна и комплексна истовремено, нејзината истенчена смисла за хумор и непосредноста.

Она што ме фасцинира е начинот на кој се справува со злите јазици и човечката злоба, без да си дозволи да си ги извалка рацете или устата со тоа што ќе возврати“, напишала Бунтеска.

-Карактерот и суштината на мојата внатрешна енергија никогаш не се променија. Јас сум истото тоа девојче со чорапчињата кое се’ уште верува дека сите луѓе се добри и дека имаат убави намери, веројатно дека тргнувам од себе и своето воспитување.

Се’ уште наивно верувам дека можам многу нешта со мојата огромна волја и ентузијазам да променам на овој свет. Се’ уште безрезервно им помагам на луѓето без разлика дали заслужуваат или не.

Сепак не е важно какви се тие, важно е дека не ме промениле и разочарале оние кои не ме заслужиле. Сепак, јас сум таа која е среќна кога помага.

Но, се променија околностите во кои живеам и работам, па така и јас се променив во однос на принципите, многу сум покатегорична и цврста за разлика од порано.

Држам до себе и своите правила. Нема жива сила, ниту пари кои би ме натерале да направам нешто кое не ме прави среќна, станав премногу пребирлива и во однос на пријатели и соработници, но и во однос на она што ќе сработам, а што нема.

И да бидам искрена последните години ја сфатив мојата мисија на светов особено во време на короната, па малку го изгубив предизвикот за некои професионални нешта, а ја развив мојата цел да помагам и да променам некои работи со отворање на мојата хуманитарна организација ЕРА фондација“.

– ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ НА СЦЕНА, ХИТОВИ, УЧЕСТВО НА ЕВРОВИЗИЈА И ЕТАБЛИРАНА КАРИЕРА, КОЈ Е ТВОЈОТ СОВЕТ ЗА МЛАДИТЕ КОИ ГО БИРААТ ПАТОТ ПО КОЈ ТИ ВЕЌЕ САМОУВЕРЕНО ЧЕКОРИШ?“, е следното прапшање на кое Елена одговорила:

-На оваа тема пишувам книга со сите мои искуства и совети за идните генерации. Помладите генерации се дел од мојата мисија за помагање на другите кои немале можност да научат, ниту да ја добијат шансата за да бидат чуени.

Советите ми се секогаш да се остане скромен човек приватно, а да се доминира на сцената. Секогаш да се бават само со својата работа и цели“, рекла Елена, но и раскажала за својот карактер и искуства.

-Иритантно е тоа што без никакво размислување, жената (не само јавните личности) се става на тапет и се распнува на животниот крст, кој и така тешко го носиме на своите плеќи ние жените.

А како во примитивните времиња, мажот се’ уште е на пиедестал без разлика колку е грешен, промискуитетен, порочен итн.

Секогаш мора да се обвини жената во секоја конотација. Се’ уште моралот важи за жената како доблест, а не важи за мажите.

Моите искушенија беа во поглед на лошите натписи, коментари и муабети за мене низ овие 20 години, на кои никогаш не потпаднав на провокација, а веќе и не ме допираат.

Кога кажав искушение мислев на тоа дали да станам лош човек и да се одмаздувам или не, меѓутоа мојата верба во Бога и огромна трпеливост дочекаа да Бог им врати на неправедните и лошите, а никогаш јас“, кажала Елена.

-Често ќе чујам за себе зборови дека не можам да се реализирам на приватно поле, меѓутоа грешат, јас не сакам! Огромна е разликата, јас можам како јавна личност посакувана од илјадници луѓе да реализирам што сакам и со кого сакам, но, не сакам да влезам во просечни приказни.

Исклучиво нешто што вреди може да застане рамо до рамо со мене, меѓутоа тоа што вреди по мои параметри, а не туѓи. Јас бирам, не ме бираат мене“, рекла Елена во ова интервју.

Previous articleТони Михајловски искрено раскажа за сите здраствени проблеми со кои се соочил и како ги решил (ВИДЕО)
Next articleСестра му на Игор Џамбазов, Тања се врати во Македонија, го направи ова уникатно дело за својот брат, се огласи и Калиопи (ФОТО)