Home Live Еве какви коментари доби Сузана Гавазова за новата фризура (ФОТО)

Еве какви коментари доби Сузана Гавазова за новата фризура (ФОТО)

Згодната и убава Сузана Гавазова е родена во Струмица, на 21 декември 1979 година, и е една од македонските најпопуларни пејачки на фолк музика. Има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Гавазова потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров.

По ова следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка.

Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.

За роденденот фолк пејачката во декември минатата година, на нејзиното „стори“ на социјалната мрежа Инстаграм, милион честитки си доби, па слатко им се израдува, заблагодарувајќи им се на сите по ред.

Кон честитките се придружи и голем дел од дијаспората, како и нејзината пријателка, некогашната македонска водителка, Хелена Роза која живее и работи во Нов Зеланд.

А не изостана и честитката од атрактивната кумановка Сани Гроздановска која со заедничка фотографија и го честиташе роденденот на колешката.

Роденденската забава, провокативната струмичанка ја славеше во домашна атмосфера со богато подготвена домашна трпеза, на која имаше салати, скара и разни специјалитети прекрасно сервирани и декорирани.

Додека во позадина се слушало турбофолк и народна музика на која гостите играа качени на столиците“, објави Вистина.мк

Гавазова сето тоа го стави на социјалната мрежа „Инстаграм“, а од таму можевме да ѕирнеме во домашната веселба каде ја покажа и убавата новогодишна елка во бела боја која го красеше нејзиниот дом, додека, славеничката позираше со нејзината провокативна фигура.

Исто така, таа го покажуваше бујното дла боко деколте покриено само со провидна црна мрежичка. Славеничката не пропуштти да се пофали и дека богатата трпеза ја приготвила сама.

Сузана Гавазова ставила стори и слики на Инста на кои рекла дека вака изгледала за Новата година, и добила доста комплименти за овој изглед, но и еден коментар кој е со критика:

-Толку пари имаш, и така косата ја направи, да не беше кокошките од селото…“,

Вака стои во овој коментар на Инста профилот на Сузана Гавазова.

Previous articleСестра му на Игор Џамбазов, Тања се врати во Македонија, го направи ова уникатно дело за својот брат, се огласи и Калиопи (ФОТО)
Next articleОва е најголемата лага на Бајага кој се разведе минатата година, приказнава била погрешно прикажана пред целиот народ