Home News Никола: Пред малку ми јавија дека Заев ме спомнал – ќе морам...

Никола: Пред малку ми јавија дека Заев ме спомнал – ќе морам по вторпат на ист начин да одговорам

Денес, поранешниот премиер Зоран Заев, на својот профил на социјалните мрежи, напиша статус, во кој меѓудругите, го спомена и својот претходник, Никола Груевски.

Груевски му одговори со статус:

„Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал.

Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за кр ими налот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував.

Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:

“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.

Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.

Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување.

Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро.

Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја.

Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.

Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година,

самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.

Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?

Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата? И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.

Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени…“

Целиот статус на Никола Груевски, прочитајте го ТУКА

Previous articleЗгодна сопруга и убави деца- Ламбе изненади со празничка семејна слика (ФОТО)
Next articleБоки Бургија: Како беше порано? Сите славевме Коледе, Бајрам, Велигден, Католички Божиќ…