Home Live Ова е најголемата лага на Бајага кој се разведе минатата година, приказнава...

Ова е најголемата лага на Бајага кој се разведе минатата година, приказнава била погрешно прикажана пред целиот народ

Регионалната поп-ѕвезда Бајага, чии песни ја обележаа нашата младост, и неговата сопруга Емилија се разведоа, пишуваа српските медиуми во јили минатата година.

Двојката последен пат е видена заедно во 2019 година, а Момчило неколку пати изјавил дека е вљубен во Емилија и по толку години брак. Тие се венчаа во 1989 година, а пред тоа живееја заедно седум години.

Поранешната сопругата на Бајага не се експонираше во медиумите, а ретки се и приликите на кои се појавуваше со сопругот.

Момчило и Емилија беа во брак од 1989 г., а пред тоа 7 години живееле заедно. Она што е многу интересно е начинот на кој тие двајца се запознале , а тоа се случило во автобус.

“Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува.

Мене тоа ми беше како ладен туш, бидејќи не ми звучеше логично… Тогаш јас не поставив дополнително прашање, се чувствував утепано.

Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме“, истакна Бајага во едно интервју за Новости. Како што признава тој, сите песни и ги посветил на Емилија на која воопшто не и бил лесен товар неговата слава.

“Врската како врска никогаш немаше искушенија, но на Ема не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе. Ема навистина добро ги поднесе, посебни првите години од кога почнавме да се забавуваме, кои беа најлуди години.

Ние не можевме да одиме на летување некаде каде што одат сите. Каде и да одевме сите зјапаа во нас.

Тоа веројатно им беше интересно. Јас не сум од тие типови кои главна фора им беше да зборуваат дека немаат девојка, јас тоа не го сакав.

Тоа е најглупаво да го кажуваш, за да трчаат девојки по тебе. Луѓето треба да те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше да ме сакаат“, искрено раскажувал Бајага додека беа во брак.

Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага зад себе има голем број хитови, кои ги знаат и ги пеат сите генерации, но она што е секогаш интересно за сите е начинот на кој се создадени и приказната зад нив.

Неговата позната песна „Тамара“ се најде на плочата „Бајага и инструктори- Позитивна географија“, а во песната опиша флерт со девојка во Москва или Санкт Петербург, на крајот не беше разјаснето.

Како што раскажа Бајага, тој не бил во Русија до 1984 година, кога е напишана песната, а покрај тоа што приказната е измислена, не крие дека си дал малку песничка слобода.

Имено, тој прво вели дека со часови ја чекал пред Бољшој театарот, што значи дека Тамара живее во Москва, но потоа вели дека е поубава од Нева и пораскошна од Ермитаж во Св. Петербург. Тој рече дека на Русите тоа не им пречело.

Но, тука не завршуваат нелогичностите во оваа песна. Започнува со гласот на една Русинка која се преправала дека е Тамара.

Но, бидејќи не можеле да најдат девојка која може да каже нешто на руски, еден од соработниците на Бајага, Душан Михајловиќ Шпира,

предложил да ја снимат најавувачката од радио, а во песната се слуша колку е висок Дунав кај Бездан, пренесува Информер.

Previous articleЕве какви коментари доби Сузана Гавазова за новата фризура (ФОТО)
Next articleЗгодна сопруга и убави деца- Ламбе изненади со празничка семејна слика (ФОТО)