Home Live Згодна сопруга и убави деца- Ламбе изненади со празничка семејна слика (ФОТО)

Згодна сопруга и убави деца- Ламбе изненади со празничка семејна слика (ФОТО)

Иако сега има и нови песни, Ламбе Алабаковски, уште нè грее со своите песни, „Врати ми го срцето“,„Море од солзи“, а ниту еден Божиќ на радио станиците не поминува без неговата „Да не те љубев“.

По враќањето од Америка, Ламбе Алабаковски првиот јавен настап пред македонската публика го имаше има на „Фолк Фест Валандово“. Пејачот тогаш рече дека настанот е вистински момент да се претстави и со фолк нумера.

– Народната музика, едноставно е во гените на македонскиот народ. Така што апсолутно не станува збор за премин во фолкери.

Имајќи предвид дека песната е напишана од врвни еминентни и докажани музичари, кон кои имам голема почит, Миле Барбаровски кој ги направи музиката и аранжманот и Ѓорѓи Барбаровски кој го напиша текстот.

Одлучив дека сега е вистинскиот момент да се направи и сними песната “Нема Збогум”.

Миле Барбаровски ги има напишано сите големи хитови кои и денес се слушаат како “Заветна” на Пепи Бавтировски, ” Дали чекаш стара мајчице “на Гоце Арнаудов и многу други песни. Дел од нив ги имам испеано на концертни настани и на тв- емисии.

Планирам од пред десет години еден проект, но секогаш треба многу љубов и добар план за да се оствари сето тоа.

Засега не би откривал повеќе.Што е наше ќе си дојде ,велат постарите – потенцира Алабаковски во Женски магазин.

Долго време, Ламбе Алабаковски имаше желба да ја израдува својата публика со нова песна, а и себеси. По осум години пауза, поп-пејачот кој предминатата година со семејството се врати од САД во Македонија, минатата лето најави нова музика од него.

Ламбе на Инстаграм напиша дека излегува „На чекор од брегот“, и кажа дека изминатиов период бил тежок за него.

– Мили мои, со многу љубов и ентузијазам работевме изминатиот тежок период на новиот проект „На чекор од брегот”. НОВА ПЕСНА и НОВО ВИДЕО! Останете добри и очекувајте наскоро, 12/07/2022, 12:00 напладне“, напиша Ламбе минатата година.

Во Женску магазин тој искрено кажа за свцојата убава сопруга Магдалена и колку ја сака се повеќе секој ден:

-Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно.

Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално , ретко излегуваме но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби.

Често знаеме да запееме и да засвириме исто така“, рече тој додека живееше во Америка.

Ламбе изненади со празнична семејна слика, на која се гледа дека е вистинска убавица неговата сопруга Магдалена, а децата Михаил и Димитриј пораснале во убави момчиња. Ламбе е среќен и богат со неговото убаво семејство кое му е сек0гаш на прво место.

Previous articleОва е најголемата лага на Бајага кој се разведе минатата година, приказнава била погрешно прикажана пред целиот народ
Next articleНикола: Пред малку ми јавија дека Заев ме спомнал – ќе морам по вторпат на ист начин да одговорам