Home News Д-р Нико Беќаровски објасни како се станувало доктор во едно минато време

Д-р Нико Беќаровски објасни како се станувало доктор во едно минато време

Статус на д-р Нико Беќаровски: КВАЛИТЕТ vs. КВАНТИТЕТ

„Сега веќе далечната 1982 година, кога ги започнував своите студии на Медицинскиот Факултет во Скопје, во Македонија постоеше само еден Медицински Факултет и два Универзитети и беше навистина тешко да се најдеш меѓу 210-те среќници кои го положуваат приемниот тест во конкуренција од цела Македонија, Црна Гора и јужна Србија.

Југословенскиот образовен систем беше меѓу најдобрите 5 во Европа, а Медицинскиот факултет во Скопје 4-ти меѓу 14 Медицински факултети во бившата држава.

Покрај нас студиите ги започнаа и 30 среќници од целиот свет, најголем број од Грција и Турција, но тука беа колешки и колеги од Заир, Либија, Палестина, УСА, Виетнам, Кореја.

И без постоење на Шангајската листа за квалитет, дипломата од УКИМ имаше своја одредена тежина во светот.

Дури и колегата Chris Tiemerman oд Arizona со нашата скопска диплома се вработи во Public Health Institute of Arizona во Phoenix, што беше невозможно со бројни дипломи од многу денес угледни европски медицински факултети.

Дипломата од Високата медицинска школа во Битола до крајот на 1999 година се признавање за работа во Канада и цела Европа.

Денес Македонија има четири државни Факултети за Медицински науки, од кои три продуцираат доктори по медицина. Странските студенти се оддамна минато свршено време, а квантумот на излезниот продукт е повеќе од дискутабилен.

За жал КВАНТИТЕТОТ во Високото образование никогаш не дава излезен КВАЛИТЕТ.

Во моментов во Македонија на Медицинскиот факултет во Скопје студираат околу 2800 студенти (Општа медицина + Високите медицински школи), ист толкав број на Тетовскиот медицински факултет, околу 2500 студенти во УГД во Штип и околу 500 студенти на Високата медицинска школа во Битола. (вкупно 8600 студенти).

Во најава е отворање на уште два приватни Медицински факултети.“

Previous articleЈанко Илковски ја објави НАЈ тетоважата- и Синан Сакиќ е во приказната (ВИДЕО)
Next articleШеикот дојде по Иренче во Италија? – Еве што таа му порача (ВИДЕО)