Home Live Шеикот дојде по Иренче во Италија? – Еве што таа му порача...

Шеикот дојде по Иренче во Италија? – Еве што таа му порача (ВИДЕО)

Фолк- пејачката Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е бо рец, и работи од својата 16-та година.

„Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката на 22 годишната ќерка која е 30 години на естрадата, за Женски Магазин.

-Тешкотии понекогаш имало, но животот е таков. Сѐ сум заработила сама со песната, а тоа значи и многу патувања низ Македонија, во странство.

Мојот живот во лето два месеци е речиси во кола за да стигнам до одредена дестинација и на местото каде настапувам без ни еден слободен ден.

Најчесто сама возам и премногу сум МАЖ ЗА ЕДНА ЖЕНА! И нека не се чудат после хејтетите и дежурните плукачи по порталите.. Ирена била во Египет, Малдиви, Дубаи или било каде..кој работи и може да си дозволи.

Мене парите не ми паѓаат од небо. Ретко која жена би издржала или би се осудила“, раскажа Ирена за Женски Maгазин.

Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин. Таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги консумира и во кои ужива.

Таа на Фејсбук им упати порака на сите оние кои ја критикуваат. Објавувајќи своја фотографија, Ирена напиша:

– Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.

Спасовска 30 години е на музичката сцена. И денес многумина ја паметат по настапите со Адријана Алачки, кога двете во тандем беа многу популарни во деведесеттите. Потоа секоја тргна по својот пат.

„Убави времиња беа тоа. И денес мислам дека луѓето нè памтат по настапите, кореографијата, носевме иста облека.

Потоа јас сакав соло кариера, се разделиме. Тогаш не бевме во добри односи, но денес сме сосема коректни една кон друга“, открива Спасовска за Репортер.

Муабетот со Ирена не може да биде досаден. За бор бата со килограмите вели: „Вклучен е црвениот аларм, се враќам во теретана.

Ама, има една друга работа. За нас жените, ако се поправиме ќе речат види ја оваа е дебела, а кога некој маж ќе се здебели, коментарот е поинаков, демек, види го, ко мече е.

Не е фер. Ние жените секогаш сме во некоја таква ситуација, како помалку да вредиме“, искрена е фолк-пејачката.

Ирена Спасовска често споделува фотографии и видеа од приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Неодамна таа сподели една среќна вест – дека нејзината ќерка Тамара е апсолвентка.

Покрај фотографија од својата ќерка, Ирена напиша емотивна посвета и јавно ѝ порача на својата ќерка да го следи својот сон.

„Ќерко моја единствена – среќна апсолвентска. Следи го својот сон.. тој ќе те одведе до смислата на твоето постоење“.

Една од сликите кои Ирена ги објави на Фејсбук се од плажа, и тоа од најпознатата која ја нарекуваат и монденска, а тоа е Голден плажата, во Охрид. Ирена е сликана во купаќи- горен дел и панталони и позира на лулашка.

Спасовска често знае да споделува мудри мисли на својот Фејсбук профил, и да ги поврзе со некоја интересна слика, а тоа го направила и овој пат, и напишала: Го следев срцето и ме одведе на плажа.

Ирена како личност со долгогодишно искуство во љубовта и врските, во емисијата „Нешто конкретно“ даде свој став за машко-женските односи.

– Кога се заљубуваме стануваме неразумни бидејќи кога е човек неразумен прави работи кои вообичаено не би ги правел.

Се гледа низ розови наочари, партнерот му делува многу привлечно и не може ни една секунда да издржи без да помисли на него.

– Жените и мажите сакаат на ист начин, но имам чувство дека маж кога ќе засака жена срцето е пуштено на најјако, а разумот е на „оф“.

Мажите повеќе патат за жена, а жените можат полесно да се носат со изгубена невозвратена лубов, ние жените мегу себе си даваме одредена пс ихотерапија, ќе се изнакажеме, а мажот како мачо-мен нема на кого да плаче, апсорбираат во себе.

Но, маж кога ќе засака тој е спремен сѐ да направи, додека ние жените си имаме резерва. Мажот кога ќе излезе од тој круг на заљубеност сака жената да биде и домаќинка, ама и ние жените си бараме.

Кога е човек залубен тогаш сите недостатоци ни се симпатични, но кога ќе помине тоа одредено сле пило излегуваат на површина сите недостатоци кои не можеме да ги прифатиме и почнуваме да го менуваме партнерот, вели Спасовска.

Спасовска по повод новата 2023 влезе ептен јако и ги упати овие зборови на своите обожаватели. Имено, Спасовска објави фотографија од себеси каде што во лицето беше ептен измазнета, како да е нацртана.

Сега тоа го прават речиси сите, со новата АИ апликација, за да се видат себеси во насликано издание. На објавата, Спасовска напишала:

-На нашата сметка штотуку пристигна уникатна уплата која изнесува 365 дена од најубавите соништа, среќа, здравје и љубов.

Камата не се пресметува, па со задоволство можеме веднаш да започнеме со трошење на средствата. Среќна Нова година, од срце, ви посакувам сè најдобро!

Пред извесно време, Ирена уживаше во Доха и Катар, а како што и самата се пофали тогаш на социјалните мрежи, во една од објавите, друштво и правел еден Шеик.

– Катар: Прекрасен ден поминат во „Молот“ на Шеикот со вештачко небо, со канали, со гондоли- раскажа таа.

Дали меѓу Ирена и шеикот се развил некаков поинаков однос освен пријателски, остана неразјаснето, но Ирена Спасовска деновиве повторно го спомена шеикот.

Имено, таа е на Новогодишна турнеја во Италија и Австрија, а денес на нејзините профили на социјалните мрежи, се појави видео на кое таа му се обраќа на шеикот. Еве што му порача:

Previous articleД-р Нико Беќаровски објасни како се станувало доктор во едно минато време
Next articleМногумина не знаат дека не е родена во Македонија, Лила објави слики од нејзиниот роден град (ФОТО)