Home Live Калиопи зазеде почесно место во „Sвездите на Гранд“ – Тие се пофалија...

Калиопи зазеде почесно место во „Sвездите на Гранд“ – Тие се пофалија дека кандидатите најмногу ја пеат оваа нејзина песна

Калиопи, по повод својот роденден, и тоа 55-от објави интересна и доста необоична слика, во костим за капење, токму среде зима. На сликата, таа е во сосема опуштено издание, без шминка, како ужива и си лежи на плажа.

Покрај оваа слика, Калиопи напиша и доста интересна порака во нејзин стил, до сите нејзини обожаватели, во која раскажа која е всушност смислата на нејзиниот живот.

-Дојде и овој ден! Дали сум на море? Не! Дали би сакала да бидам? Да! Дали им се радувам на годиниве? Да! Дали би сакала да бидат помалку? Не! Дали сум задоволна со мојот живот? Да!

Дали би сменила нешто? Не! Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања, мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.

Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна! Ве сака Опи“, напиша Калиопи на својот Инстаграм и Фејсбук профил, а по повод овој ден кој е посебен за неа.

Нашата музичка дива ретко дава интервјуа, а инаку одржа концерт во Велес минатиот месец, и во едно постаро интервју, за Фешнел има изјавено за својт стил и имиџ кој го негува со години:

-Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене, врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил.

Како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко ми, мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.

Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес.

Со тек на времето ги пронаоѓам луѓето на кои знам дека му припаѓа некое мое парче облека.

Има една смешна ситуација уште кога имав повеќе килограми од сега, имав купено едни панталони во Загреб, кои не можев да ги навлечам дури ни до колено ама многу ми се допаѓаа.

Па, така ги подарив на мојата сестра која тогаш беше послаба од мене. Јас бев лута на себе што не можев да ги гледам панталоните и кога ослабев таа не ги облекла воопшто и ме израдува кога дојде и ми ги донесе како подарок.

Кога ги облеков бев многу благодарна затоа што со тоа ми врати едно парче што многу ми значеше, а ми ја врати и вербата дека освен мене верувала во тоа што сум јас.

Не можам да излезам од дома без моето среќно сребрено прстенче кое што го носам на малиот прст.

Сакам убави ремени, и овој што го носам денес е еден од моите среќни талисмани со кои некогаш можеби претерувам и не можам да ги исфрлам од себе.

Низ преку 18 години шоу „Ѕвезде Гранда“ слушавме неколку илјади песни од различни музички жанрови, кои ни ги донесоа натпреварувачи од цела поранешна Југославија.

Ова е списокот на петте најпопуларни песни кои натпреварувачите ги пееја во ѕвездите на „Гранда“.

Песната „Прекасно“ од Амар Жиле е најпеана во историјата на натпреварувањето. Многумина беа изненадени, со оглед на тоа што Амар е млад, а неговиот хит е најпопуларен.

Меѓу најпопуларните нумери е поп-хитот „Онај ко те љуби сречан је“ од Тони Цетински, кој се најде на второто место.

Омилена песна на учесниците е хитот на Викторија „Дај не питај“, која е на третото место на оваа листа.

Евровизискиот хит „Црно и бело“ на Калиопи се повеќе го избираат натпреварувачите на популарното шоу и се наоѓа на четвртото место на најотпеани песни.

Петтото место го зазеде безвременскиот хит на Шабан Шаулиќ „Дојди да остариме заедно“.

Previous articleОва е мајката на Роберт од Канал 5, има голема причина за славење (ФОТО)
Next articleНаш познат доктор: Живот не трпи тендери – државата веднаш да реагира, да се спаси ова дете