Home Live Многумина не знаат дека не е родена во Македонија, Лила објави слики...

Многумина не знаат дека не е родена во Македонија, Лила објави слики од нејзиниот роден град (ФОТО)

– Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар„, напиша Лила на крајот од минатата годна кога се сликаше во домашен амбиент со својот миленик, својата мачка.

-Заслуживме да и се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција…која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кој не бев подготвена.

Ама нели “храбрите ги прати среќата” па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста и беше!

Она што ми е најбитно од се и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе , луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене.

Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели … благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум…Имајте најсреќна нова година….

Ве сакам …и во годинава што следува бидете ми живи и здрави…Ваша Лила“, стоои во објавата на Лила која долги години го води популарниот квиз „Се или нешто“, на ТВ Сител.

-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно.

Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен.

Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.

Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.

Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно. На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.

На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, кажа оваа наша позната инфлуенсерка и водителка во интервју за Хибрид.

За оние што не знааат, Лила е родена во Гетеборг – Шведска и таму живеела се’ до својата 12-та година, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.

Носталгијата веројатно ги разбудила сеќавањата на нашата популарна водителка, а нив таа несебично ги сподели со своите обожаватели во една прилика. И тоа во вид на споменатата фотографија на која еве ја Лила како бебенце.

Лила со синот Филип и сега е во Шведска кај сестра си, и покажа прво каде живее сетра ѝ, односно каков двоор има пред нејзината зграда, а потоа го покажа среќното семејство заедно, сестра ѝ, зетот и внуката.

Previous articleШеикот дојде по Иренче во Италија? – Еве што таа му порача (ВИДЕО)
Next articleКарлеуша искрено се отвори за Душко и кажа како живеат помеѓу 4 ѕида: Неговиот живот нема смисла без мене