Oтсекогаш се шпекулираше околу заработката на најпопуларниот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ. Меѓутоа, тој првпат во јавност прозборе и откри колку заработува денес.
Во текот на целата своја кариера одржа голем број на настапи. Освен со пеење, се занимава со компонирање, а на прашањето колку пари заработи претходната година од „Сокој“, организација на музичките автори на Србија, музичката легенда одговори:
„Меѓу 4000 и 5000 динари. Повеќе добивам за изведувчки права отколку за авторски права.
Како изведувач присутен си секаде, а како автор другите повеќе заработуваат од тебе“, изјави Чола .
Неговата пријатечка, Драгана Мирковиќ е една од најпознатите пејачки во Србија и во дијаспората. Иако многумина на почетокот од кариерата и се потсмеваа на изгледот, таа сега е една од жените со одличен стил.
Драгана повеќе од дваесет години не живее во Србија. Таа е во Виена заедно со сопругот Тони Бијелиќ, кој има свој приватен бизнис, и со децата Мануела и Марко.
Додека сè уште имаше пандемија и во сила беа строгите мерки во борбата против неа, Драгана организираше раскошна прослава во нејзиниот замок во Виена, а на социјалните мрежи покажа како изгледа сè.
“Поради забраната за собири и строгите мерки во Австрија, го славевме роденденот на Марко како Ивкова слава, 5 дена. Но, сè за тебе, лаву мој, те сака мајка ти”, напиша Драгана.
Синот на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ и ќерката на познатиот поп-пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, излегле на ручек во еден белградски ресторан, по што веднаш започнала лавина од коментари за природата на нивната врска.
Чола, покрај Уна, ја има и петнаесетгодишната ќерка Лара, а неодамна ги спомна додека зборуваше за социјалните мрежи.
-Децата тоа го сакаат, таму се прават и познанства, а јас бегам од тоа. Слабо и го отворам, секако дека е прашање на генерација и технологија, ние во наше време пишувавме писма.
Малку ги следам социјалните мрежи, но има луѓе кои се занимаваат со тоа, па имам информации.
Ќерките го сакаат тоа, и меѓусебно комуницираат, што е сосема океј – изјави Чолиќ за една емисија, и додаде дека Уна и Лара ја слушаат неговата музика.
За многумина беше невообичаено кога видоа дека поминуваат време заедно децата на овие две ѕвезди, бидејќи малку се знае дека се пријатели со години, а дека се познаваат уште од детството. Драгана и Здравко се долги години пријатели, а нивните наследници се другари уште од детството.
Тој објави фотографија од храната и ја означи постарата наследничка на Чола, што и таа го сподели на својата приказна на Инстаграм.
Инаку, синот на Драгана Мирковиќ пред неколку месеци отвори профил на Инстаграм за јавноста и тој и понатаму привлекува внимание. Пејачката со децении се обидуваше да ги држи децата и приватниот живот подалеку од очите на јавноста, а нејзиниот син неодамна откри непознати детали од периодот на неговото растење.
Марко одговараше на прашањата кои ги интересираа неговите следбеници, а во таа прилика откри дека иако живее во странство, во Австрија, течно го зборува српскиот јазик.
– Да, српскиот го научивме пред германскиот – напиша тој. Драгана е мажена за бизнисменот Тони Бијелиќ и ја има ќерката Мануела како што напишавме погоре.
– Уживаат, се гордеат со својата мајка, што е природно и нормално. Тие се многу внимателни, ми праќаа пораки, ме прашуваат дали сум изморена. Им велам: „Деца, што ви е, ја знаете мајка ви“.
Мама е карпа. Не е секогаш лесно, но горда сум на себе што се држам – изјави неодамна Драгана за „Премиера“.