Home Live Taтјана Стојановска ја негува христијанската традиција и се пофали што ставила во...

Taтјана Стојановска ја негува христијанската традиција и се пофали што ставила во домот: Ова е моја креација (ФОТО)

Татјана Стојановска за читателите на Слободен печат кажа што прави и како ѝ минуваат деновите. Таа во текстот го спомена својот партнер Михаил Китановски со кој живее, но и синот кој е веќе свој човек и живее сам.

-Си пијам нес кафе со една лажичка шеќер, попарено со топла вода и без млеко.

Ако Михаил сѐ уште не е излезен по работа, нему му приготвувам чај со мед и лимон и додека се расонуваме и уживаме во кафето и чајот, правиме план за денот“ , рече Татјана.

Потоа раскажа дека се подготвува за вестите кои ги чита три пати во денот, и кога ќе дојде дома гледа филм или серија со Михаил, а понекогаш одат и на дружба со нивните заеднички пријатели.

Таа раскажа дека си легнува околу 23 часот, и сака да види што има ново на социјалните мрежи, а откри и дека во последно време сака да слика и дека тоа ја опушта и ја релаксира.

Во овој разговор, Татјана го спомена и својот син, за кој рече дека не живее со нив.

Татјана Стојановска пред две години за првпат проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис.

Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави.

Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.

-Со Михаил сме заедно 10 години, од кои 9 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење, изјави Татјана пред неколку години и продолжи:

Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?

-Нашата професија е специфична по многу нешта. Прво, на пребирливиот гледач треба да му се допаднете и да ве прифати со ликот, со изразот, а потоа и со изговорот, со правилната дикција и интонација.

Ние се обраќаме на различна публика, по возраст, по ниво на образование, важно е да те разбере секој. Тоа се оние работи на кои им укажувам на помладите. Поборник сум за почитување на правоговорот, користењето на стандардниот литературен македонски јазик.

Укажувам на грешки кои ги прават во таа насока. Оние што почнуваат во професијата им треба таков совет и со задоволство го прифаќаат кога ќе им биде даден. Телевизијата е специфичен медиум, се гледа сè.

И ликот, и гестикулацијата и гласот се важни. Со тоа ние допираме до гледачот. Потребна е умереност во сите тие работи.

Потребен е баланс на изразот на лицето, држењето на телото, висината на гласот, брзината на изговарањето, интонацијата на речениците и самодоверба и сигурност при интерпретирањето.

При тоа и изгледот е многу важен. Ненападна шминка, фризура, облека. Почитување на кодексот на облекување, допадлив, но и умерен изглед, со кој му даваме и почит на гледачот.

Секако, секој кој се нафатил да работи во една професија, за да биде успешен треба и да ја сака таа професија, да го има тој нерв. Да биде подготвен секогаш да биде на ниво на задачата.

-Во нашата професија потребно е да биде подготвен да ги апстрахира и моменталните лични проблеми и моменталното расположение и да не го прикаже тоа со неговиот лик и глас на екранот.

Секогаш сум била личност која приватниот живот сум сакала да остане приватен, но секако како јавна личност донекаде тоа и не е можно. Ја сфаќам потребата на новинарите да се интересираат за приватниот живот на јавните личности и сум го почитувала тоа кај нив и сум дозволувала да напишат нешто и за тоа.

Важно е човек да си го чува интегритетот, да ги заштити и своите блиски. Ако јас имам јавна професија, немаат моите блиски луѓе потреба да бидат јавно експонирани. Гледам колку можам да ги заштитам“, изјавила таа во Слободен печат.

Taтјана на својата последна објава на Инстаграм покажа колку ги негува христијанските традиции и покажа што направила во домот.

Таа објави слика која ја опиша со зборовите „Моја креација“, а на сликата може да се види дека Татјана подготвила дрвена кошница која ја исполнила со зимзелени гранчиња, лампиони, но на средина ставила и бадниково гранче, кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Покрај кошницата, Татјана ставила божиќно цвеќе и уникатен часовник, па се пофали на Инстаграм со својата домашна и празнична атмосфера.

Previous articleКарлеуша искрено се отвори за Душко и кажа како живеат помеѓу 4 ѕида: Неговиот живот нема смисла без мене
Next articleВо овој краток фустан направи нешто посебно- еве зошто ова е најсреќниот период за Каролина (ФОТО)