Home Live Во овој краток фустан направи нешто посебно- еве зошто ова е најсреќниот...

Во овој краток фустан направи нешто посебно- еве зошто ова е најсреќниот период за Каролина (ФОТО)

Со голема леснотија, Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски ги завршија петте концерти во Филхармонија, како да е еден подолг настап, а не концертен маратон.

Овој маратон се заокружи со уште два концерти на 2 и на 3 јануари во Националната опера и балет кои успешно поминале. Избраните песни на Шпато, Бранѓолица, Масевски и Бојаџиев како да се пишувани токму за гласот на Каролина.

И самата таа, посебно емотивно ги доживува додека ги пее, а за песната „За нас почнува живот“, вели дека приватно ѝ е многу значајна.

Целиот албум, „Песни за копнеж и љубов“ во неа буди чувства за кои не ни била свесна дека тлеат во неа“, објави Женски магазин.

– Навистина ни помина како сон… тоа што изгледаше како сериозен предизвик, 5 концерти за 3 дена, го поминавме со некоја неверојатна леснотија од првиот концерт до последниот.

Секојдневието како и пред секој настап или концерт ми е дома – проба – дома – концерт. Особено што овојпат свиревме сред сезона на настинки и грипови па внимавав повеќе од вообичаено“, кажа Каролина при крајот на 2022 година.

-Немам посебен ритуал ама одмарам, гледам убаво да се наспијам и тоа мислам дека е и најважно и од мое, а и од искуствата што сме ги споделувале со колегите…

Избегнувам и некои други работи за кои сум забележала дека ми пречат, деновите пред концерти се трудам да не зборувам гласно, избегнувам зачадени простории, не пијам газирано, не јадам луто.

Целиот албум кога го слушам ми буди некоја меланхолија, некои чувства за кои не сум ни била свесна дека тлеат во мене во тој момент.

Затоа и кога требаше да се именува не сакавме да биде насловен по песна, туку сакавме некако да го доловиме чувството кое ни го буди додека го слушаме и изведуваме.

Така дојдовме до копнеж и љубов. Што се однесува пак до песните, „На овој ден” и „Ни на на”… исто и „Празно е” кога и повторно да ја изведувам се чувствувам како вистински да ја доживувам“, кажа Каролина.

Дамата со непроценлив вокал Каролина Гочева, еден од најплодните музичари од овие простори Дуке Бојаџиев со огромен, фантастичен музички багаж, нашиот и светски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски ни подарија вечери исполнети со емоции, љубов, спомени, носталгија…

Впрочем, тоа го докажува и фактот што сите пет концерти „Песни за љубов и копнеж“ што се одржаа во Македонска Филхармонија беа распродадени во рекордно време“, објави Слободен печат на крајот од минатата година.

Македонската публика имаше навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност. Албумот „Песни за љубов и копнеж“ е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20-от век.

Златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…“, стои во овој текст.

Дуке имал прекрасно и со богата музика исполнето детство, израснал слушајќи го татко му, големиот композитор како создава безвременски мелодии во нивниот дом, кои подоцна ги слушал на фестивалите.

И токму воден од овие убави сеќавања, заедно со Каролина и врвниот кларинетист, долго време ги бирале овие песни. И направиле полн погодок.

Редок спој на чистот, моќен глас на Каролина, виртуозот Исмаил Лумановски, и Дуке на клавир, како некој што заслужува поклон што им дал нов живот на овие песни. Секоја од нив носи своја приказна.

-За песната „Ни на на“ како дете мислев дека е љубовна песна, но подоцна дознав дека Јане Коџабашија го напишал текстот за неговата мајка. Тој бил дел од децата бегалци од Егејска Македонија, тогаш ја загубил својата мајка, и во песната раскажал за неговото детство без неа“, раскажа Дуке.

Тој го нагласи неговото пријателство со семејството Масевски, а покојниот композитор бил негов голем поддржувач. Оттаму, прекрасната „Приспивна за реката“, или народски „Нан нуни нан, на бисерен бран“, заслужено го нашла местото на овој албум, а Каролина маестрално ја испеа“, напиша Женски магазин.

А, сега Каролина со Исмаил и со дуке одржала уште два концерти, и на последниот облекла краток фусртан со реси кој супер ѝ стои, а овој успех со седум концерти е најсреќниот период за неа, секоја чест!

Previous articleTaтјана Стојановска ја негува христијанската традиција и се пофали што ставила во домот: Ова е моја креација (ФОТО)
Next articleСинот на Драгана Мирковиќ ја заведе ќерката на Здравко Чолиќ- осамна нивна заеднична објава