Home Live Благица Калева по загубата на сопругот и ќеррката загуби уште една важна...

Благица Калева по загубата на сопругот и ќеррката загуби уште една важна личност, но успеа и да најде работа, не се живее само од музика

Таа е едно од најдобите фолк грла кај нас, жена која покрај се‘ што преживеа, не се предаде ниту секунда и продолжи да чекори храбро во животот, но најмногу заради како што многупати изјавила ќерка ѝ Марија – нејзината сила.

Пред Благица Калева се само убави денови, кај неа има многу новости, а најголема радост последните две ипол години ѝ носи нејзината внука Софија која како што ни истакна пејачката, е нејзиниот нов живот“, објави Женски магазин за нашата позната фолк пејачка Благица Калева.

Калева пред речиси 20 години во сообра ќајна несре ќа на пат за Скопје ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин.

Таа за „Фокус“ раскажа дека по сè што поминала во животот нема таква сила која ќе ги намали нејзините човечност, хуманост и желба да помогне секому кому е потребна помош.

По загубата на најмилите дома, сепак, успела да издржи и да остане цврста и целиот свој живот да ѝ го посвети на својата друга ќерка, Марија, за која кажа дека ѝ е сè во животот, а сега и внуката.

,,Сè што ми се случи во животот, направи да се зајакне мојата хуманост. Дури откако човек ќе се најде во очи со некоја тра гедија ја сфаќа многу подобро целата тежина на траге диите на сите луѓе. Тука сум секогаш кога треба за да пружам поддршка и помош на сите ранливи категории граѓани.

Пејам на хуманитарни концерти, помагам на свој начин, со песна.

Не знам, можеби има луѓе кои личните трагедии ги направиле да станат посурови, но јас решив да продолжам напред помагајќи им на другите, оставајќи убави спомени зад мене и зад мојот лик и дело’’ – раскажува Калева.

Таа живееше во Струмица со ќерката Марија, за која вели дека ѝ сè во животот и ѝ дала сила да продолжи понатаму.

,,Марија е сè во мојот живот и мотив да продолжам понатаму, да бидам корисна во ова општество, да продолжам со тоа што отсекогаш сум умеела да го правам – да продолжам со песната’’ – вели Благица Калева. Таа вели дека музиката во голем дел ѝ помогнала да се врати во колосек.

Пред две ипол години, во домот на Благица во Струмица, имало голема причина за радост. Борче, момчето на нејзината ќерка Марија, на романтичен начин, со транспарент и со музика, ја запросил својата сакана, а на пат било и бебето.

За „Фокус” Благица тогаш раскажа низ сол зи за убавиот настан, а гласот и треперел од емоции. Вели дека по сите горч ливи со лзи кои ги исплакала во животот, тој ден за прв пат пролеала сол зи радосници.

-Ете, и ние дочекавме во нашиот дом да се пее, да се пл аче од среќа. Марија и Борче се заедно од деца, цели 13 години трае нивната љубов, и бебето ќе ни дојде наскоро.

Иако се подразбираше дека тие, со оглед на нивната љубов и желбата да си имаат свое семејство, еден ден ќе запловат во брачните води, сепак, запросувањето на некој начин беше изненадување“, кажа Калева.

Во јули во 2020 година, таа стана баба на Софија која е нејзината голема гордост и среќа, која ѝ даде нов живот и нова радост.

-Сега сакам само да сум до неа. Да помагам и кога Марија и Борче не го бараат тоа од мене. Понекогаш можеби и претерувам ама тоа е посилно од мене. Што да правам. Се вратив назад скоро 30 години кога јас станав мајка.

Многу ми се смени животот. Нели кога ќе бидеш мајка си многу млад, па имаш и други обврски, па понекогаш немаш нерви за сопственото дете, па ти помагаат мајката или свекрвата.

Но, сега со внуче е сосема поинаку. Имам и нерви и време. Што и да работам оставам заради внучето, изјави Благица за ММС.

Сега, таа за Женски магазин во Божиќно интревју искрено кажала каква ѝ била 2022 година и што загубила во годината што си замина.

– 2022 година замина и кај мене ќе остане запаметена како година со убави, но и не многу убави моменти.

На почетокот од 2022 годината по кратко боледување ја загубив мојата мајка, и тоа сигурно е момент кој останува врежан кај секое дете, колку и да се родителите возрасни.

Но, 2022 ќе ја паметам и по едно убаво поглавје, оваа година зедов лиценца за негувател и се вработив во Детската Градинка “Детска Радост” во Струмица на што сум многу горда и благодарна, и секако, не можам, а да не ги спомнам многубројните ангажмани со моите Фигаро Бенд, зад нас е една многу бериќетна и исполнета година на професионален план.

Во новата 2023 ќе си посакам најпрво здравје за моето семејство, моите најблиски и за мене, многу љубов, бериќет и песна, се разбира, ништо без неа!“, рекла Калева.

Previous articleЕмотивна приказна на Ивона Јо- раскажа се за својот татко: Ти благодарам за секоја грешка која дозволи да ја искусам
Next articleТурунџиева ја отвори душата и раскажа како луѓето ја доживуваат: Те сметаат за себична, чудна, им смета успехот, па затоа се трудат да те обезвреднат и игнорираат