Home Live Емотивна приказна на Ивона Јо- раскажа се за својот татко: Ти благодарам...

Емотивна приказна на Ивона Јо- раскажа се за својот татко: Ти благодарам за секоја грешка која дозволи да ја искусам

Кога во едн прилика пејачката и јутјуберка Ивона Јовановиќ прослави роденде, која на својот Инстаграм профил секогаш искрено споделува моменти од приватниот живот, си посака роденденска желба.

„ Секоја година имам желба за свеќички и торта. Мислам дека таа традиција за роденден ме враќа во детството. Кога требаше да замислам желба замислував да ја добијам најубавата играчка.

Кога ќе ја споредам желбата од детството и сега. Некако ме плаши таа огромна разлика. Таа сериозност. Најбитно ми е да имам среќа и да сум опкружена со здравје и љубов од моите најблиски. Се гледаме на врвот дечки!“

Јас мојот ден го почнувам со шолја зелен чај наместо кафе. Го пијам сама со придружба на добар џез, додека го подготвувам појадокот. Секое сабајле вежбам така што денот на Ивона почнува многу рано, но квалитетно.

Ме мотивира големината на моите соништа и целта која ја имам поставено. После завршувањето на вежби се подготвувам и ги извршувам обврските кои ги имам испланирано за тој ден.

Ивона Јовановиќ е пејачка со исклучителни вокални способности, работеше долго време да се прифати самата себеси таква каква што е, тоа јавно го истакнуваше и на социјалните мрежи. На 26 август во 2021 година во Турција, направи интерв-енција на желудникот.

-Уште сега размислувам интензивно, барам луѓе со коишто би сакала да соработувам. Првиот момент кога тотално ќе ми се врати енергијата, ќе влезам во студио и ќе се фрлам на работа.

И се надевам дека веќе ќе имаме реализирано видео спот со песна и искрено одвај чекам.

Лично мене во музиката многу ме спречуваше дебелината. Ме спречуваше да бидам слободна на сцена, да музицирам и да правам музика.

Но, после оваа операција и после симнувањето на килограмите, тоа за мене веќе нема да претставува проблем. И конечно ќе можам да ги истакнам своите адути и квалитети, кои биле скриени, за жал, поради килограмите.

Пред сите оние луѓе кои имале нешто да искоментираат за мојот изглед, не е ни вредно да ги напоменеме“, додаде Ивона која сега е преполовена.

Тие најчесто се поврзани со музика, одење на проби со бенд, свирење добра музика и дружење. Секако плановите ги кројам од викенд за цела недела натака.

Така имам контрола врз денот и гледам да не пропуштам ништо“, изјави Ивона во Женски магазин.

Ивона го покажа својот татко, кој и е голема поддршка и бил со неа на настапот со Ацо Пејовиќ, на концертот во Арената Борис Трајковски каде што пеела и таа на крајот од декември.

Ивона објави едно видео како гушнала со татко и си ги пее песните на Пејовиќ и раскажа една доста емотивна приказна за својот татко- својот херој која вели вака:

-Важен човек во животот на секоја девојка е таткото. Те учи несвесно на многу работи кои во иднината живот ќе ти значат. Татко мој. Ти благодарам за секоја лекција што ми ја покажа.

За секоја грешка која дозволи да ја искусам. За секое присуство на приредбите дур се криеше позади столбот да не те видам- а грмогласно ракоплескаше и се гордееше.

Во арената сакаше да седиш на трибини што подалеку од мене. Не ти беше дозволено затоа што треба од блиску да видиш и слушнеш што успеавме заедно да изградиме. Татко мој! Те сакам“, стои во објавата на Ивона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Previous articleМајката на Хелена Роза замина кај ќерка си во Нов Зеланд, еве колку Хелена личи на неа (ФОТО)
Next articleБлагица Калева по загубата на сопругот и ќеррката загуби уште една важна личност, но успеа и да најде работа, не се живее само од музика