Home Live Гавазова ептен дотерана на Бадник летна од Македонија, на Божиќ ќе ги...

Гавазова ептен дотерана на Бадник летна од Македонија, на Божиќ ќе ги израдува Македонците во оваа земја (ФОТО)

„Обожавам да украсувам за празниците, Емили и Селена се радуваат многу и со целиот тој, да го наречам чин, ме враќаат во времето кога бев мала.

Сѐ украсивме сами, колку што можеме, но сме пресреќни затоа што дадовме сѐ од себе, овојпат додека украсувавме со нас беа и нашите пријатели Аце и Елена со кои поминуваме многу време“, откри Гавазова пред 2 години, а објави Женски Магазин.

„Најмногу трошам на облека што ја користам или носам за настап или за сцена.

Ми се чини дека ако не бев пејачка дека, воопшто немаше да трошам толку пари на облека“ искрена е Сузана и додава дека секоја боја е застапена во нејзиниот ормар, но дека преовладуваат најмногу црната и белата боја.

„Секоја година на Бадник имаме посна трпеза, на која има посни јадења и задолжително лебче со паричка. Под трпезата ставаме слама, ореви, костени и бадникови гранчиња“, кажа Сузана во истото интервју.

Сузана Гавазова минатата година го прослави 42-от роденден и од Јасмин доби посебен подарок. За овој посебен ден Сузана си доби супер интересно изненадување од сопругот Јасмин кој се пошегува со неа.

Најпрво ѝ донесе завиткана украсна кутија во која имаше бурек и јогурт, а откако слатко се нaсмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување – огромен букет во кој се криеше мала, но вредна кутија, а кога ја отвори, Сузана буквално припадна.

Во кутијата имаше златна нараквица, веројатно станува збор за некој луксузен бренд, пишува Женски Магазин.

Покрај изненадувањето од сопругот, си доби и изненадување од мајка ѝ, нејзините две ќерки и други нејзини блиски луѓе, а на тортата имаше свеќички со број 24 – буквално како што и изгледа Сузана.

За 43-от роденден на Сузе добила ептен многу честитки на социјалните мрежи, од лица кои ѝ се блиски, но и од нејзини обожаватели, и потоа откако слегнале впечатоците, таа со стори на Инста, емотивно се обратила:

-Прво, сакам да се заблагодарам на Бога за мојот живот. Би благодарам и на вас драги мои роднини и верни пријатели што одвоивте од вашето скапоцено време за да ми го честитате роденденот.

Вие сте толку посебни за мене, се чувствувам благословена што имам толку луѓе што ме сакаат и ме почитуваат.

Ве сакам најмногу. Бидете ми поздравени и од Бога благословени“, напишала Сузана во ова емотивно обраќање на Инста стори.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на анејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе.. Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни, препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.

А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.

Во својата нова објава на Инстаграм, Гавазова објави дека ќе пее на божиќна забава во Лондон кај нашинците, тоест Сузе ќе биде главна на ова забава. Оваа вест сигурно дека ќе ги израдува нашинците во Англија.

А, на сликата која е искористена за реклама, Сузе е во провокативен фустан во црвена боја кој повеќе открива отколку што покрива, а на сликата се објаснети сите детали за оваа забава.

Гавазова, Бадник ќе го помине во авион со сопругот Јасмин, а пред да летаат за Англија, Гавазова објави како го чека авионот со јадење и пиење.

Гавазова објави видео и напиша дека едвај чека да се види и да се дружи со нашинците од Англија. Гавазова ептен се спремила и се дотерала, а во Англија сигурно ќе биде пречекана со многу радост.

Previous articleНашата најубава пејачка со долги нозе стана баба на млади години -го откри името на бебето
Next articleЛила откри што се случило на бадниковото утро во нејзиниот роден град Гетеборг (ФОТО)