Home Live Лила откри што се случило на бадниковото утро во нејзиниот роден град...

Лила откри што се случило на бадниковото утро во нејзиниот роден град Гетеборг (ФОТО)

Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпатично се пошегува со своите следачи.

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки.

Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.

Таа пред некое време објави нов пост, во кој кажува дека заминала на село.

Станува збор за познатото село Сирогојно, каде што ги плетат познатите селски џемпери од волница, а Лила си купипа еден таков џемпер.

-Сирогојно…. Село во срцето на Златибор. Автентични куќи распослани меѓу високата шума скриени од очите на љибопитните.

Луѓе домаќини чии куќи покрај огништето на средината на домот имале по две врати зошто верувале дека “нес-реќата влегува на мала врата” па редовно влегувале од големата врата !

Село каде што живееле најпознатите и најдобрите плетачки на уникатни џемпери кои во седумдесетите станале светски хит!

Биле извезувани во многу земји а најмногу Јапонија и Исланд! Ако доаѓате на Златибор не пропуштајте да го посетите“, напишала Лила во оваа објава.

Лила е родена во Гетеборг – Шведска и таму живеела сѐ до својата 12-та година, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си, која и денес живее таму.

Носталгијата веројатно ги разбудила сеќавањата на нашата популарна водителка, а нив таа несебично ги сподели со своите обожаватели во една прилика.

И тоа во вид на споменатата фотографија на која Лила е како бебенце.

Лила со синот Филип и сега е во Шведска кај сестра си, и покажа прво каде живее сестра ѝ, односно каков двор има пред нејзината зграда, а потоа го покажа среќното семејство заедно, сестра ѝ, зетот и внуката.

Лила го покажа домот на сестра си и празничната атмосфера. Се гледа дека станот е многу убаво уреден во темна нијанса, а елката во дневната соба и украсите дополнително го красат.

Лила уште првиот ден кажа специјални зборови за својот роден град каде се сликаше во градот. Лила изгледа многу среќна на сликите.

-Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил… Кога го препознаваш секое ќоше, а истовремено ти изгледа ко прв пат да го гледаш, кога доаѓаш како турист а всушност си дома …. здраво Гетеборг, напиша Лила.

Лила утрово стана малку подоцна во својот роден град, а првата глетка ја изненади. Имено, во Гетеборг паднало снег, на овој посебен ден, Бадник.

-Ај добро утро. Значи, додека го чекам кафето, луѓе дали знаете што се случува. Во Гетеборг врне снег, на овој убав бадников ден, рече Лила која си го испи кафето со снежната идила од прозорецот, па потоа топло се облече и отиде да се порадува на снегот.

Previous articleГавазова ептен дотерана на Бадник летна од Македонија, на Божиќ ќе ги израдува Македонците во оваа земја (ФОТО)
Next articleЕве како одговори Анастасија дали се пронаоѓа во песните на Цеца: Да се пронајдам? Не дај Боже да се пронајдам