Подолго време, водителката Хелена Роза живее во Нов Зеланд со сопругот Игор, ќерката Кјара и синот Тијан. Хелена во едно интервју во Женски магазин зборуваше за нејзиниот живот во Нов Зеланд, поточно го градот Окленд.
-Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.
Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.
Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.
„Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.
За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“, додаде Хелена.
Во една од песните на пејачот Филип Пешевски, кој беше промовиран со видеозапис снимен во Саранда, соседна Албанија, глуми и ќерката на некогашната водителка Хелена Роза, Кјара Гоља.
Таа во видеото ја има улогата на девојка на младиот пејач, а со оглед на тоа што Саранда е летна дестинација, се појавува во бикини и изгледа одлично.
Многу е очигледно дека ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља ги наследила гените на својата мајка. Ако ја погледнете Хелена пкога била помлада, години, па и сега, ќе забележите дека „мајка природа“ не штедела кога подарувала убавина.
Кјара е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од себе. Таа не ја пропушта приликата да ја покаже својата атрактивност на Инстаграм.
Инаку, нејзиниот профил е преполн со фотографии на кои таа блеска со својата природна убавина и раскош.
Ова убава девојка е и вљубена, и нејзината профилна фотографија на Фесјбук го покажува убавиот дечко, кој се вика Стефан.
А дека се создадени еден за друг, кажува оваа слика на која и двајцата се многу среќни, но и коментарите под сликата.
Речиси сите велат дека Кјара и нејзиниот сакан се прекрасен пар, и сосема се во право.
Хелена објави слика од неа, а е во друштво на мајка и, Роза Катиновска која заминала кај неа во Нов Зеланд.
Инаку, познатата водителка своето уметничко име го има по мајка си- Хелена Роза. На оваа слика, се гледа колку ќерката личи на мајката и колку се среќни заедно.