Home Live Нашата најубава пејачка со долги нозе стана баба на млади години -го...

Нашата најубава пејачка со долги нозе стана баба на млади години -го откри името на бебето

Многумина ќе се согласат дека Даниела Темелковака е една од нашите најзгодни пејачки.

Со нејзината вита става и висина, таа изгледа како некој светски топ модел. Има голема поддршка токму во својата сестра, Емилија која е исто така згодна како неа, и често знае да објави нејзини слики на социјалните мрежи.

Неодамна еден газда на скопски ресторан објави дека не може да ја плати Даниела Темелковска за настап затоа што е скапа како Јелена Карлеуша, и апелираше на Фејсбук да дојдат луѓе во што поголем број за да биде ресторанот полн.

Даниела во петоците пеела во истиот локал, и според она што се постира на социјалните мрежи, секогаш е полно.

Даниела е една најатрактивните пејачки меѓу народот која секогаш знае да направи убава атмосфера е која изгледа одлично и се грижи за својот имиџ.

За нејзиниот изглед е главно задолжена сестра ѝ, а пејачката во една прилика изјави во што се чувствува најудобно.

„Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена“, рече Даниела за „Убава.мк.“

Во септември имаше голем повод за славење во семејството на Даниела Темелковска, свадбата на нејзиниот син, Даниел. Даниела била многу весела и изгледала топ, според сликите и видеата што ги објави на Фејсбук.

Таа се сликала со синот, но и со својата убава снаа, а и запеала во чест на невестата и на младоженецот. Во жолт фустан со длабок шлиц, убавата свекрва ја почестила својата снаа, ама и својот син со песната „Уно моменто“, од Северина.

Даниела сменила два фустани, а ептен дотерана била и гордата тетка на Даниел, нејзината сестра Емилија која се сликала со својот внук и со сестра си.

Таа во една прилика раскажа дека она што најмногу сака да го пее се старите македонски песни, и рече што би сакала да биде ако не беше пејачка: „Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.“

Темелковска на својот Инстаграм и Фејсбук објави свои атрактивни слики, а според нив, таа често се дружи со фолкерката Сања Гроздановска- Сани.

Темелковска е долго време е дел од народната музичка сцена. На фестивалот „Валандово“ ја видовме во дует со нејзиниот син. Тогаш медиумите објавија дека Даниел Блажевски е новото име на македонската фолк сцена и е доста талентиран.

Тој во една прилика изјави дека неговата мајка го воспитувала на современ начин и во современ дух и му било уживање да расте со таква мајка, и дека тие двајца имаат однос како да се другари.

-Прекрасна мајка, знае да ме посоветува, знае да се симне на мое ниво, тоест, цело време е на моето ниво на комуникација, влегува во моите размислувања, не е старомодна, можам слободно да кажам“, изјави Даниел.

„Презимето Блажевски е од мојот дедо Блаже“, рече синот на Даниела во едно интервју. Ние пееме македонска народна музика, знаеме како функционираат нашите кафеани-ресторани, се што е добро обично слушам.

Идејата да запееме заедно беше на мајка ми. Јас кога почнував со мојата кариера не сакав да биде тоа толку нападно, веднаш да снимам дует, според мене, тие работи не се толку битни.

Ако некој има талент во себе, и квалитет, тоа треба да си покажа сам“, рече Даниел за својата мајка.

Даниела, и кога нема настапи во ресторан, знае како да си ја развесели душата. Таа одамна објави видео од својот двор како пее македонски народни песни, а на хармоника ја следи нејзиниот сосед.

„Една комшивска да разбиеме монотонија“, објави Даниела.

На атрактивната Даниела оваа година ѝ започна посебно, бидејќи за првпат се оствари во улогата на баба и тоа на млади години.

Таа на својот Фејсбук ја сподели убавата вест и го откри името:

-Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива, здрава и среќна внуката Јана, а јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!

Previous articleСоња исфрлена од филмот на Лукас – Нема место за бившите сопруги, еве за што ќе биде целиот филм
Next articleГавазова ептен дотерана на Бадник летна од Македонија, на Божиќ ќе ги израдува Македонците во оваа земја (ФОТО)