Home Live Oва е братот на Вера Мештеровиќ, има посебно име, многу си личи...

Oва е братот на Вера Мештеровиќ, има посебно име, многу си личи со водителката (ФОТО)

Вера е водителка на Утринската програма на Канал 5. И во оваа приказна, слично како и во онаа за изборот за Мис, има две страни, конкретно што се однесува до реакциите на гледачите, но таа е многу среќна и исполнета со овој ангажман.

-Не може на сите да им се допаднеш. Некој не може да ти прости што си убава, на некого му пречиш на телевизија, сето тоа е нормално. Кога почнував да работам во Канал 5, прво бев на обука две недели, а потоа на програма.

И нормално е дека има секакви коментари. Знаат во живо да се јават – тргнете ја оваа од програма, или зошто е вака облечена? Но, има и доста луѓе кои позитивно и убаво реагираат.

И на едните и на другите им велам благодарам“, кажала Вера во Женски Магазин.

Таа гостувала и во емисијата Еден на еден и таму кажала дека легнува во 12, на полноќ после децата, но станува во 5 и 15 и е свежа и наспана за на ТВ. Ама она што е интресно е и дека Вера во оваа емисија пеела.

За прв пат, оваа наша Мисица покажа и дека знае да пее, а како тоа звучело, и тоа со песната Јовано Јованке во последниот дел од емисијата.

За своите деца, Вера има изјавено дека е многу посветена и има принцип на воспитување;

-Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд, но и трудот на другите.

Да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото.

Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“, изјави Вера.

-Времето квалитетно го поминувам со своите деца, со друштвени игри, во кино, во театар, на прошетки, на излети, на одмори. Со мојот круг на друштво, блиски другарки, пријатели.

На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

За тоа како Вера се негува и го одржува својот младолик изглед, таа во Женски Магазин рече:

– Да, токму така, мислам дека се должи и на двете работи, на генетиката во моето семејство и од двете страни се младолики, а и се негувам.

Но, особено влијае мислам тој мој палав детски дух, во тело на жена, мајка, кој ми ја дава таа енергија, шарм, впечатливост и харизма.

Моите ритуали за нега се речиси како кај секоја жена. Имам козметика која ја употребувам, чистење на лицето, разни маски, разни третмани за лице.

-Ме исполнува мајчинството и семејството, а покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски.

Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството, а особено времето на модната куќа „Систина“ и целиот тим со кој работевме таму, изјави Вера за Фешнел.

Вера Мештеровиќ има брат кој се вика Срѓан, а на неговиот Инстаграм профил има неколку слики кои го претставуваат неговиот авантуристички дух.

Тој објавува слики како шета во природа, низ убавините на Македонија, посебно во Охрид и Битола, но и надвор од Македонија, во Милано.

Срѓан е исто голем љубител на животните, а има објавено и неколку слики од него каде што може да се забележи дека многу си личи со сестра му, Вера.

Previous articleСе огласи Ѓоковиќ Ноле од Австралија – еве на кој начин честиташе Божик (ФОТО)
Next articleТрајче Толевски ја кажа вистината- имам дојава што прави Јордан Митев (ВИДЕО)