Home Live Се огласи Ѓоковиќ Ноле од Австралија – еве на кој начин честиташе...

Се огласи Ѓоковиќ Ноле од Австралија – еве на кој начин честиташе Божик (ФОТО)

Минатата година ова време, Новак Ѓоковиќ беше главна тема во светските медиуми, по одлуката на австралиските власти да не му дозволат настап на Австралискиот грен слем.

Ѓоковиќ одби да се имунизира, а Австралиските закони налагаа сите спортисти, како и останатите кои влегуваат во земјата, да имаат доказ за имунизација. Тогаш, Ѓоковиќ тврдеше дека го прележал вирусот, но се појавија фотографии од интервју за странски медиум, во исто време, за кое тој велеше дека е болен.

Годинава, состојбата со вирусот е поинаква и Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Австралија. Тој е веќе таму, а предвидувањата се дека Новак ќе игра со огромна желба оваа година.

Поранешниот тенисер Матс Виландер изјави дека Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за триумф на првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, кој ќе се одигра од 16 до 29 јануари во Мелбурн.

Виландер истакна дека Новак има огромни мотиви да им покаже на сите конкуренти дека е најдобар откако минатата година не му беше дозволено да ја брани титулата и беше депортиран од земјата.

„Мислам дека никогаш не сме виделе играч кој има толку голема желба да се реваншира и да победува.

Никој никогаш не бил погладен за победи од Новак“, изјави Виландер, кој сега работи како стручен аналитичар на телевизијата „Јуроспорт“.

Новак Ѓоковиќ е рекордер по бројот на триумфи на Отвореното првенство на Австралија, има дури девет.

„Подлогата во Мелбурн е совршена за Новак. Овој турнир има историја да има играчи што го освојувале повеќе пати.

Ова го зборувам од лично искуство бидејќи јас во Мелбурн победив трипати.

Никој не е 100 отсто подготвен во Австралија. Некои тенисери се добро подготвени, некои воопшто не се, но Новак секогаш е подготвен. Тоа за него значи дека е фаворит бидејќи подлогата совршено му одговара за неговиот стил на игра“, додава Виландер.

Во Мелбурн ќе настапи и актуелниот шампион Рафаел Надал, што значи дека Шпанецот и Ѓоковиќ ќе ја продолжат трката по освојување на гренслем-трофеи. Моменто, Рафаел е лидер во оваа категорија, има 22 триумфа на четирите најголеми тениски турнири, а Ѓоковиќ има еден помалку.

„Новак сигурно ќе сака да му се реваншира на Надал така што ќе триумфира во Мелбурн.

Ако Новак победи, ќе бидат израмнети 22-22. Новак мора во Мелбурн да дојде до 22-риот гренслем-трофеј бидејќи во мај Надал на Ролан Гарос би можел да освои уште еден трофеј“, смета Швеѓанецот.

Инаку, познато е дека Новак Ѓоковиќ е верник и не пропушта да ги честита православните празници. Па така, на еден турнир на кој победи за Св. Никола, Новак на камерата по победата напиша: „Среќна слава“.

Денес, Новак посети еден од православните храмови во Австралија и го честиташе Божик на сите православни верници ширум Светот.

Previous articleЕве како одговори Анастасија дали се пронаоѓа во песните на Цеца: Да се пронајдам? Не дај Боже да се пронајдам
Next articleOва е братот на Вера Мештеровиќ, има посебно име, многу си личи со водителката (ФОТО)