Home Live Токму на овој голем празник, Игор ѝ ги кажа најважните зборови на...

Токму на овој голем празник, Игор ѝ ги кажа најважните зборови на својата Илина (ФОТО)

Илина Арсова го изненади Игор Џамбазов со видео повик од Еквадор, во Утринската програма на „Телма“, во октомври во 2021 година.

Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

На Игор не му се веруваше што ја гледа својата сакана и извика браво за екипата која се сетила да го изненади на овој начин. „Добро утро, моја мала утехо. Срце мое“, ѝ рече Игор на Илина кога ја виде на екранот.

Познатата алпинистка Илина Арсова од пред неколку месеци престојува во Тенеси, Америка. Причината за заминувањето не е освојување на нов планински врв, туку како што појаснува таа, започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

Во видеото кое го објави, таа раскажа дека одлуката да замине не била лесна, најмногу поради семејството, како и нејзиниот партнер, шоуменот Игор Џамбазов, објави Фокус.

Вели дека и покрај обемните задачи кои ги има на Универзитетот во Тенеси каде што е докторант, нејзиниот номадски живот не се сменил. Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник веќе 4 месеци живее еден од своите соништа, далеку од дома.

За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер.

Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм, поинаков од Игор кој создаде своја дијагноза, нарекувајќи ја Илинопатија.

Илина за Женски магазин раскажала за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.

Ја долови важноста и интересниот дел од нејзината работа како професор, а откри и за животот во малото студио со позајмен телефон, и за она што прво ќе го направи кога ќе се врати дома.

– Овде сум веќе четири месеци и зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.

Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот. Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.

Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.

Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци. Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.

Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни“, изјавила Илина , и потоа додала:

-Моите блиски мислам дека можеби и го очекуваа ова бидејќи докторските студии подолго време ми беа во план, но никако да стигнат до приоритетната позиција која секогаш беше резервирана за планински експедиции.

Тие самите понекогаш ќе ме потпрашаа, до каде е мојата идеја за докторски, и самите паметат дека последно бев во преговори со Универзитетот во Тарагона некаде во 2017 година, кога повторно други работи добија приоритет, па некако таа идеја привремено избледе.

За Игор можеби ова беше шок, иако тој тоа вешто го крие и секогаш ми дава неизмерна поддршка во моите одлуки. Дури и за карпите кои верувам не се негови омилени, ќе ми рече: “Те поддршувам, иако никогаш нема да можам сосема да те разберам“, изјавила Илина.

Игор објави нејзина слика на Инста стори на која е доста весела, и напиша: Ми недостасуваш очајно. Овие зборови ги напиша на англиски јазик, и ѝ ги упати на голем празник, токму на Бадник.

Previous articleТрајче Толевски ја кажа вистината- имам дојава што прави Јордан Митев (ВИДЕО)
Next articleЛидија Вукиќевиќ има дом како од бајка- овие детали се нејзиното најголемо богатство (ФОТО)