Home Live Трајче Толевски ја кажа вистината- имам дојава што прави Јордан Митев (ВИДЕО)

Трајче Толевски ја кажа вистината- имам дојава што прави Јордан Митев (ВИДЕО)

Јордан Митев е еден од најпознатите фолк-пејачи кој со години владее на сцената и тоа дури петнаесет години. Но, секако дека тоа е возможно кога освен што е пејач тој е и кантавтор поткован со соодветно музичко образование.

Секако зад него стојат многубројни хитови кои не само во нашата земја се слушаат и надвор од нашите граници. Токму овој мултиталентиран музичичар за весник ВЕЧЕР го раскажа неговиот животен пат од детството па сè до денеска.

Јордан уште како мал бил амбициозен со цел да го извлече максимумот од него, а оваа особина не е заоставена ниту сега.

– Навистина детството го одживеав до максимум како што и годините по детството. Тоа е можеби и една од одликите на мојата личност, да се живее животот со полн здив, да се извлече максимумот од себе и моменталната ситуација.

Е сега има многу начини на живеење на животот со полн здив, јас се трудев и се трудам да го живеам на мој начин така како што ме води мојата интуиција.

Многу работи се случуваат во текот на еден човечки живот, човек евулуира во секој сегмент од своето битие, навидувам сè е поврзано но, сè е многу одделено, раскажува пејачот.

-Јас пораснав со македонската народна музика. Во нашиот дом се слушаше песната на Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Гоце Николовски, Сариевски, Васка Илиева, се гледаше фестивалот Цветници, Валандово.

Јас сакав да бидам како нив на сцената затоа што тие се пример што значи естраден уметник. За друга музика и други артисти јас и не знаев ниту имав слушнато до мојата 13-14-годишна возраст.

Бев запознаен делумно со сериозната музика бидејќи паралелно со основното училиште посетував и нижо основно музичко училиште двапати во неделата.

Се останато што беше популарна музика во тоа време за мене беше непознат свет, нешто помалку познато или воопшто не познато.

По завршувањето на основното образование јас дознав за балканските и светските имиња од светот на музиката и слушав се и сешто од македонска изворна и народна музика, до класика, џез, поп и разно разни музички комбинации од Балканот и светот,а тоа допринесе да ја се изградам во тоа што сум денес, вели пејачот.

– Од кога знам за себе јас сум со музиката, сум сакал да бидам на сцена, со песна, публика… За тоа имам зборувано во доста интервјуа во овие изминати 15 години колку што опстојувам во професионалниот музички свет.

Уште од мал бев дел од разно разни фестивали каде што се презентираа и бараа таленти. Така да никогаш не сум имал дилема што сакам да бидам во животот.

Јас до сега го живеев мојот сон и, фала му на Бога, прилично успешно за наши постои и можности.

Се што сакав и што замислив јас го направив, пропатував доста, направив доста песни на кои што сум комплетен автор.

Оставив еден вид на оригинален печат кој е почитуван од доста луѓе. Норално не може сите да ве сакаат и почитуваат.

Има и такви кои лесно и без пардон плукаат на тоа што сум направил и не избираат начин како да ме понижат, но кога човек работи мора да има и такви негативци.

Важно е во поголем процент да биде публиката позитивна за мојата работа, додава Јордан во ова интервју за Вечер прес.

Трајче Толевски, познатиот мераклија, водителот на „Мерак меана“ кој инаку има свој ресторан, го угостил токму Јордан Митев, ама како шејач во неговиот ресторан.

И додека Јордан пеел, сите ограле, а Трајче раскажал една приказна која ја објави на Фејсбук: Јордан Митев имам дојава дека пред настап на публиката им делиш стимуланси..

Свака част..Ги уб и играње ништо не пиеја“, стои во објавата на Трајче до која закачил и видео од атмосферата.

Previous articleOва е братот на Вера Мештеровиќ, има посебно име, многу си личи со водителката (ФОТО)
Next articleТокму на овој голем празник, Игор ѝ ги кажа најважните зборови на својата Илина (ФОТО)