Home Live Турунџиева ја отвори душата и раскажа како луѓето ја доживуваат: Те сметаат...

Турунџиева ја отвори душата и раскажа како луѓето ја доживуваат: Те сметаат за себична, чудна, им смета успехот, па затоа се трудат да те обезвреднат и игнорираат

Личните достигнувања, а не целите се твое мерило за успех“, напиша во еден од своите понови стратуси на Фејсбук Сузана Турунџиева, нашата позната водителка, пејачка, писателка и наставник по музичко образование.

-Поместувањето на сопствените граници од ден во ден, од година во година, е развојот кон кој тежнееме сите. Така бил отсекогаш “фабрички” подесен нашиот ум и тело. Да напредуваме, да растеме!

Кога бевме деца, годините ги броевме според тоа колку сантиметри сме пораснале, колку килограми сме напреднале, колку ни пораснала косата, колку повеќе сме изодиле, истрчале, колку спрата пешки сме искачиле…

Ништо поинаку не е ни денес, кога сме возрасни, бидејќи РАСТЕЊЕТО НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА… на растењето однатре мислам…

тоа е твое право, привилегија и должност и затоа не престанувај да растеш, учиш и да го следиш внатрешниот глас, да се потрудиш да бидеш во склад со природата, бидејќи само така ќе бидеш во ритам со Универзумот!“.

– Б како БИТОЛА, Б како БИТОЛСКИ ВЕСНИК, Б како БЕКИРЛИЈА, Б како БЛАГОСЛОВ, Б како БЛАГОДАРАМ. Иако Атиџе не е Битолчанка, вчеравечер во Битола, на манифестацијата НАЈУСПЕШНИ БИТОЛЧАНИ во организација на Битолски весник доби специјална награда за афирмација и промоција на Македонија во светот, за што сум неизмерно благодарна на мојот град и на организаторот Менде Младеновски.

Јас исто така бев почестена со една од најпосакуваните награди за еден музичар – наградата АЈРИ ДЕМИРОВСКИ – човекот кој ја напиша БИТОЛА МОЈ РОДЕН КРАЈ и уште многу други безвремени песни.

Беше огромна чест да се биде во друштво на најуспешните и тоа во својот роден град. Така да од вчеравечер Атиџе можеме да ја сметаме за пола битолчанка.

По тој повод заедно отпеавме и дел од нашата заедничка “ОД БЕКИРЛИЈА ДО БИТОЛА”.

Благодарам Битола, што ја испочитувавте жената која со нејзината едноставност и автентичност го освои светот и му ја испрати најсилната порака: ПОЛА ЗА ПЧЕЛИТЕ, ПОЛА ЗА МЕНЕ!“, објави Сузе на крајот од минатата година.

-Понекогаш, СРЕЌА не е само она што ни се случува, туку и она што не ни се случува… Понекогаш, најголемиот БЛАГОСЛОВ не можеме да го видиме…а тој е тука, околу нас!

Затоа спокојно и опуштено живеј го твоето секојдневие, заобиколувајќи ги луѓето, настаните, ситуациите и зборовите кои те повредиле и вознемириле… И НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈ да бидеш БЛАГОДАРЕН ЗА СЕ ШТО ТЕ ЗАОБИКОЛИЛО!!!

Она што е на ТВОЈОТ ПАТ, или веќе ти носи среќа (ама не си свесен), или допрва ќе ти ја донесе. СРЕЌНО“, порача Сузе во еден од своите други статуси.

Сузана Турунџиева вели дека ако нешто силно сакаш, универзумот ќе се потруди тоа да ти го озвозможи. Во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекрилија до Битола“.

– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме.

Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов“, додаде таа.

Сузана како да ја раскажа својата животна приказна во друг Фејсбук статус во кој кажува како окилината се однесува кон неа:

-Твојот личен раст и развој нема баш секогаш да биде сфатен добронамерно, од причина што луѓето чудно реагираат на промените, поточно СЕ ПЛАШАТ од промените. ТВОИТЕ промени, а подоцна и од своите!

Се лутат и ужа снуваат од твоите дополнителни начини да напредуваш и заработуваш, од твоите таленти, од вратите кои сам(а) си ги отвораш со труд, знаење и упорност.

Им сметаат границите (во своите умови), те сметаат за себична, чудна! Им смета успехот, па затоа се трудат да те обезвреднат и игнорираат. Им смета се што правиш, читаш, успеваш. Им смета тоа што НЕ СЕ ТРУДИШ ДА ВЛЕЗЕШ ВО НИЕДЕН КАЛАП?!

Им смета тоа што не мораш ништо ново, а МОЖЕШ СЕ ОД ПОЧЕТОК. Затоа денес насмевни му се на животот, наздрави си себеси ЗА СЕ ШТО УСПЕВАШ и помести ги границите на твојот ум за уште еден чекор понапред од она што беше вчера.

Растењето и развивањето е твое право! Кој се лути затоа што растеш и се развиваш, немора да биде во твоето окружување“, стои во статусот на Сузе.

Previous articleБлагица Калева по загубата на сопругот и ќеррката загуби уште една важна личност, но успеа и да најде работа, не се живее само од музика
Next articleСоња исфрлена од филмот на Лукас – Нема место за бившите сопруги, еве за што ќе биде целиот филм