Home Live Христијан Мицкоски објави слика со мајка му и татко му, сопругата и...

Христијан Мицкоски објави слика со мајка му и татко му, сопругата и децата (ФОТО)

Денес е еден од најголемите Христијански празници, раѓањето на Спасителот, Божик.

Празник на радоста и надежта, а именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…).

Божик спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот синот Божји Исус Христос.

Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики.

Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал.

На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди”, на што одговараат со „Вистина се роди”.

– Оној кој го создаде човекот, станува човек и се раѓа како човек, за да го спаси човекот.

Ние треба да гледаме со Вера на тајната на Божественото во оплодување и без љубопитство да го прославуваме Оној кој благоизворел да дојде меѓу нас.

Христос нашиот вистински Бог кој слезе од небото и се роди во пештера повиен во јасли нека се застапи за секого од нас поединечно и за секое семејство од нашата тетовско-гостиварска православна епархија, изјави вчера Митрополитот Јосиф.

Македонските верници, од утрово се во црквите, на Божествена литургија, каде оние кои постеле, ќе се причестат со светите тајни.

Традиционалните верници, сношти го прославија Бадник, а од старо време останало дека на овој празник, треба да се собере семејството дома.

Во Скопје и во градовите од северозападна Македонија, се крши лепче со париче. Во Битолскиот регион, ова се прави на Василица.

Вчера на социјалните мрежи, осамнаа фотографии со погачите со паричиња, а слика од своето семејство, на социјалните мрежи постави и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате. Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата.

Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен.

Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди!“

Previous articleЛидија Вукиќевиќ има дом како од бајка- овие детали се нејзиното најголемо богатство (ФОТО)
Next articleСаша Поповиќ откри што му предвидела најпознатата баба од Бугарија