Home Live Kристина Димитри клекна на коленици и кажа колку пати по 50 евра...

Kристина Димитри клекна на коленици и кажа колку пати по 50 евра ќе дава за шопинг (ФОТО)

Во 2019, Кристина Димитриевска од Тетово беше најфотогенична убавица на Мис Глоуб во Улцињ, а годината ја заврши како мис Балкан, на меѓународниот избор на убавина во Белград.

По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.

За најтешката одлука во својот живот, за улогата како мајка, за пробивот на музичката сцена и што значи да си мис, Кристина откри во интервјуто за „Женски магазин“.

-Мојот прв избор за мис беше на моите 15 години. Се сеќавам многу добро на тој избор, иако бев малечка. Се одржуваше во скопската дискотека „Колосеум“ која веќе не постои.

Тој момент кога слушнав Зимска Убавица за 2013 година е Кристина Димитријевска, нема да го заборавам никогаш.

Колку титули и да следеа после тоа, таа првата секогаш ќе биде посебна за мене, зашто тој момент го сонував како малечка.

Кога сме веќе кај изборите кои следеа, собрав доста титули. Би ја издвоила Новогодишна Балканска Убавица на само 17 години.

Искрено никогаш не ми било важно за наградите. Најголемата награда беше што го живеев својот сон.

– Јас сум амбициозна и полна со љубов. И таа љубов моментално е насочена кон моите најблиски и зацртаните цели. Сѐ започнува од самите нас, и љубовта и среќата и тагата.

Јас од мојот брак со Даниел го добив најубавото животно дело, а тоа е моето ангелче Давид. Се разведовме затоа што не сме биле еден за друг.. А јас се водам по тој мит, подобро добар развод, отколку лош брак.

Нашите релации се сведени само на бивши сопружници. Животот оди понатаму“, рекла Кристина во Женски Maгазин. Таа е сега една од најпопуларните на Инстаграм а таму е потпишана како Кристина Димитри. Во меѓувреме, стана и пејачка.

Во интервју со Антонио за „Ништо Лично“, Кристина проговори за пластичните опе рации и што има направено на себе:

-Па не, кога сакам да направам нешто, некоја промена, секогаш ми викаат, „Ај, немој, остави така, бидејќи имаш нешто посебно, уникатно, нема потреба да личиш на другите.“

Градите се мои, што се однесува до хијалурон, да, што се однесува за усните, но некои опе рации, како што е ставање на страно тело во себеси, сѐ уште не, но ако некој ден ако решам, зошто да не.

На прашањето за додворувачи, Кристина откри какви мажи бара: „Ако некој сака да ме добие, треба да е недостижен, а не да ми се качи на глава. Нема недостижни, затоа сум сама.

Да има некој што е таков, веројатно би бил сега со мене, “кажа Кристина, па го спомена нејзиното синче:

-Давид е многу талентиран за глума, а за тоа како ја доживува синчето, Кристина рече: „Па еве на пример, кај мене сѐ може.

Што ќе посака, добива од мене. Јас сакам да го размазам, бидејќи тој ми е центарот на светот и да му овозможам сѐ.

Но, со него навистина имам пријателски однос, така го гледам, како моите со мене, за да може сѐ да ми кажува и добро и лошо што ќе му се случува во животот.

Не сум некоја строга, но се знае некогаш кога ќе му кажам нешто, дека не е океј. Телефон му дадов дури на 5 години, пред 5 години не му давав, бидејќи тоа е како ѓаволот да му го дадеш во раце.

Кога е во прашање неговото здравје сум построга, мора да се води грижа. А инаку првпат беше на мој настап баш во Лешок на концерт и тогаш мајка ми го донесе баш покрај бина и тој вака ме гледаше, тажен, зошто сите ме фаќаат и ме гушкаат.

Љубоморен е, не е учен да ме дели. Секогаш кога е емисијата во живо, тој ме гледа и утринска да е, го поздравувам. „Карди“ мојата песна ја знае напамет, изјави Кристина за синчето.

Кристина рече да ги почести своите обожаватели и со време објави дека ќе направи „гивавеј“ и на женските фанови ќе им поклони фармерки, а машките ќе ги почести само со жешка фотка.

Па така, Кристина објави слика во која всушност сакаше да ги прикаже фармерките кои се во износ од 250 евра, но ги „распали“ социјалните мрежи со сликата која ја објави.

„Божиќен подарок – 250 евра. Спремни сме?! Една девојка ќе има прилика да направи шопинг. Во секоја од овие страници по 50 евра. Значи шопинг во вредност од 250 евра“, напиша Кристина во описот на сликата каде носеше само фармерки и долна облека. Ова е најжешката фотка на Кристина досега.

Previous articleЗа Божик семејството е заедно: Огнен, синот на Стево и Елизабета сѐ повеќе личи на татко си (ФОТО)
Next article„Малечка, дај од мојата“ – Тома бил гурман и обожавал само едно балканско јадење, со сиренце и луто пиперче (ФОТО)