Home Live За Божик семејството е заедно: Огнен, синот на Стево и Елизабета сѐ...

За Божик семејството е заедно: Огнен, синот на Стево и Елизабета сѐ повеќе личи на татко си (ФОТО)

Познато е дека Елизабета останала без својата сестра, по која многу пати, а ја споменала и неа, во едно интервју.

-Тежината има содржина и достоинство, и, секако, кога би била во ситуација да избирам, би го избрала патот на Тереза или Франц. Секој нареден пат со тежина зборувам за загубата на мојата помала сестра, како нешто што го обележа мојот живот.

Некогаш дури се чувстувам дека животот го поимам како животот пред нејзината смрт, со неа, и потоа, со Стево и со Огнен.

Тие ми помогнаа да ја пронајдам смислата во постоењето без неа, но, секогаш останува превезот на нејзиното отсуство.

Секојдневно се соочувам со прашањето: каков ќе беше животот ако и таа сега беше овде, со нас“. Целото интревју можете да прочитате ОВДЕ.

-Мислам дека приватно сум како и сите други, личност со свој круг на пријатели која се обидува да го избалансира времето меѓу професионалните обврски на Клиниката за стоматологија, обврските на факултетот, научно-истражувачката работа, обврските како сопруга на претседателот и семејството.

Кога сум послободна, гледам да си украдам малку време за себе, да се видам со некоја блиска пријателка, за некоја добра книга, филм или приготвување на некој специјалитет“, рекла сопругата на Пендаровски.

„Не ја напуштивте примарната професија и заедно со должноста Прва дама – термин кој не милувате да се врзува за вас, сеуште работите како стоматолог. Како балансирате?“, ја прашаа во последното интервју за Женски Магазин.

– Моја лична одлука беше, без оглед на новата улога која ја стекнав, да продолжам целосно посветено да се занимавам со мојата примарна професија, како детски стоматолог и професор на Стоматолошкиот факултет.

Факт е дека да се биде сопруга на претседател на држава е посебна чест, привилегија, но истовремено е голем предизвик и одговорност.

Таа нова улога, внесе и нова динамика во мојот живот, голем број нови активности, многу нови правила и протоколи, потребен е сериозен ангажман затоа што во обете улоги не смее да има простор за импровизација и аматеризам.

Многу од активностите честопати се преклопуваат со моите професионални обврски на работното место, но со добра организација, менаџирање и поддршка од семејството, пријателите, колегите, се трудам секогаш позитивно да одговорам на агендата.

-Растев во скромно семејство. На моите родители секогаш им беше најважна нашата среќа и даваа сѐ од себе да ни обезбедат безгрижно детство. Беа доста строги, но тоа ме научи на самодисциплина, трудољубивост, работа и грижа за другиот.

Со Стево се запознавме преку заеднички пријатели. Тој имаше особини кои ги ценам кај луѓето: чесен, сочувствителен, непосреден, духовит и интелигентен.

Или, едноставно кажано, добар човек на кој можев да се потпрам и во најтешки моменти.

-Не е лесно човек да зборува за себе, но ако мора, би рекла дека најсилна страна ми е секогаш да се борам до крај, а најслаба страна ми е син ми Огнен, и тоа не сакам да се промени.

Некако не можам да ја прифатам титулата „прва дама”. Можеби посоодветно би било сопруга на Претседателот на државата. За жал, некои тоа го гледаат низ призмата на тоа каков фустан сум облекла или каква ми е фризурата.

Секако дека стилот на облекување игра значајна улога за претставување и дома и во светот. Како живееме, така и се облекуваме, и таа порака сакаме да им ја пренесеме на луѓето.

Сепак, оваа улога ја сфаќам многу поинаку. Oд секојдневните средби сфаќам дека луѓето имаат потреба од личност која можеби нема формална моќ, но може да отвори одредени прашања, да наметне нивно решавање и да ја подигне свесноста за многу проблеми.

Имам намера да се држам до областите што ги познавам, она што го работам, сѐ што се однесува на децата, лицата со атипичен развој, но и на образованието и науката.

Секојдневните случувања сами ги наметнуваат приоритетните теми: како да се избориме еднакво место за жената во нашето општество и како да спречиме многу несакани појави во семејството. Тоа се нашите актуелни теми, на кои мора да им се посвети внимание.“, изјавила во Женски Магазин таа.

Стево денес се огласи на големиот христијански празник, Божиќ и објави слика со неговото семејство во црква.

Покрај Стево стои Елизабета, а до неа и синот Огнен кој им е најголемо богатство. На фотографијата се гледа дека Огнен како што расте сѐ повеќе личи на татко си, како близнаци да се.

Стево на сликата напишал убави зборови на својот народ:

-Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината.

Христос се роди! За многу години! – напиша Претседателот.

Previous articleИлда проговори колку е осамена и се присети како го поминувале Божиќ со Шабан
Next articleKристина Димитри клекна на коленици и кажа колку пати по 50 евра ќе дава за шопинг (ФОТО)