Home Live Кратко летно фустанче среде зима- Дани има совршена причика да скока од...

Кратко летно фустанче среде зима- Дани има совршена причика да скока од радост (ФОТО)

Дани Димитровска е позната по многу хитови, интересен стајлинг, таа е мајка на Лазар, но никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, всушност, многу ретко.

-Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам.

Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување.

Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“, рече таа во интервју за Женски магазин.

Потоа, го спомена својот партнер, поранешниот кошаркар Весел кој е сопственик на едно скопско кафуле и за него сосема кусо рече: Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.

Дани секогаш има интересни пораки за споделување, било на своите Инстаграм профили, или во своите песни. Во една песна, Дани порача: „Јас не живеам за другите“.

Токму затоа, пејачката е толку своја и по малку бунтовна. Во една прилика, за Фешнел.мк Дани коментираше за тао дека медиумите често пишуваат написи за тоа како изгледа и дали качила некој килограм повеќе.

-Навикната сум на такви коментари и ги сметам за нормални медиумски моменти, на тие луѓе тоа им е работа, а кога јас ќе почувствувам дека ми треба фитнес, одам во теретана и го средувам тоа што мора.

Не ми се важни туѓите мислења и како што се чувствувам тоа го правам.

Секогаш кога доаѓа лето сум дополнително мотивирана да излезам од дома, баш овој период почнав да трчам на кеј и да одам на фитнес, здраво се хранам и не сум човек што може тоа постојано да го прави преку цела година, објаснува Дани.

-На шопинг одам наменски кога ми треба нешто но, понекогаш знае да излезе од мене тој женски момент да купам било што само колку да потрошам некој денар.

Актуелните трендови ги применувам само доколку одговара на мојот карактер, ако не само поминува покрај мене и толку“, рече таа во истото интервју.

Не ме измачуваат подготовките пред настап, сум го прифатила тоа како дел од работата, имам темпераментен карактер и не можам да доседам на стол.

Ги сакам трансформациите и се му дозволувам на мојот стилист Даниел, вели Дани и додава дека на секоја јавна личност задолжитено и треба професионалец од тоа поле.

-Мислам дека сме земја со таква музичка индустрија каде не се неопходни тимови од 20 луѓе но, треба да имаш стилист кој ќе знае како да те среди, зашто сите не сме родени да умееме се, рече Дани.

Дани како што кажавме погоре е секогаш по малку бунтовна и своја, а сега објави и еден интересен пост на Инста како скока од радост, а е облечена во краток фустан- летен модел среде зима.

Дани е радосна и како мало дете скока на пруга, а оваа нејзина среќа, таа ја објасни на овој начин: Божиќна недела. На омилените пруги од детство. Недела во сонце како мај во јануари.

… како нов ред со голема буква повеќе отколку нов лист“;

Ова го напиша Дани која изгледа топ на сликите, и доби коментар: Најубава, нема друга во Македонија.

Previous articleЗамеша со колковите и доби туце пари во рака- добар бакшиш за Гавазова во Англија (ФОТО)
Next articleСања од „Брза кујна“ облече венчаница- Кажа ли ДА? (ФОТО)