Home Live Вака никогаш досега не изгледала Даниела Темелковска, во огнено црвен краток фустан...

Вака никогаш досега не изгледала Даниела Темелковска, во огнено црвен краток фустан со откриени рамења и полни усни (ФОТО)

Неосомнено, Даниела Темелковска е една од нашите најдобри пејачки, но и најзгодни, и најпопуларни од фолк гарнитурата. Таа не се истакнува многуи на социјалните мрежи, а кога има нешто важно да каже- тука е.

Ја гледаме како си патува и си ужива со сестра си Емилија, ама со дечко- партнер никако да ја видиме, својот љубовен живот таа навистина вешто го крие од љубопитните очи.

За неа знаеме дека е доста весела и позитивна личност што се познава по настапите- кога Даниела ќе запее сите се на нозе и се полни со позитивна енергија што таа ја дава кога ќе запее и ќе заигра.

Таа е една од омилените и најатрактивните пејачки меѓу народот која секогаш знае да направи убава атмосфера, изгледа одлично и се грижи за својот имиџ.

За нејзиниот изглед е главно задолжена сестра ѝ, а пејачката во една прилика изјави во што се чувствува најудобно.

„Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена“, рече Даниела за убава.мк.

За Даниела оддамна е познато дека годините се се само бројка, па иако е веќе зрела жена, изгледа како млада девојка, или што би рекле младите во жаргон таа е „авион“!

Иако Емилија не толку позната, сепак не е непозната, зашто јавноста најмногу ја знае од дует песните и видеата токму со сестра и Емилија.

Особено атрактивна е онаа од пред неколку години со наслов: „Нема дилема“, објави поглед.мк.

-Нема жена што не е убава, за мене убавината доаѓа од внатре, здрава храна, малку спорт, секојдневна грижа за себе и сето тоа зачинето со љубов“, изјави Темелковска.

Таа додаде дека она што најмногу сака да го пее се старите македонски песни, и рече што би сакала да биде ако не беше пејачка:

„Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.“

Како што е познато, Даниела Темелковска е редовна гостинка во емисисјата „Мерак меана“ која ја води Трајче мајка или Трајче Толевски, а за некого познат како Трајче- три шешира.

Даниела заедно со сите меракалииги пее најубавите наши народни и новокомпонирани песни, а така беше и овој пат кога уживаше во изведбата на колегите, ама запеа и таа.

И ова би била уште една обична „Мерак меана“, но не беше обична, затоа што беше празнична- божиќна, со сите расположени и распеани мераклии: Стојне, Ирена, Петар Нечовски, Јордан Митев, Скопски боеми…

Но, посебна може да се рече и дека беше поради Данче. Таа овој пат облече фустан во огнено црвена боја, доста краток, со откриени рамења, и изгледаше навистина огнено во него.

А, ги истакна и своите усни, со силно црвен кармин, па убава фризура и насмевка што заведува.. и ќе мора да се сложите со нас дека Даниела, која е инаку секогаш убава и средена никогаш вака не изгледала.

За Темелковска, која минатата година доби уште една важна улога, а тоа е улогата на свекрва,

откако го ожени својот син Даниел кој е инаку пејач и настапуваат заедно, ова е најдоброто издание до сега.

Previous articleОд Баба Мразица премина во мрежести хулахопки кои откриваат многу – Вера Мештеровиќ во нај -УАУ издание досега (ФОТО)
Next articleВодителката Иванна, поранешната советничка на Заев, се разведе од Влатко, веќе се зборува дека ова е нејзината нова љубов