Home Live Водителката Иванна, поранешната советничка на Заев, се разведе од Влатко, веќе се...

Водителката Иванна, поранешната советничка на Заев, се разведе од Влатко, веќе се зборува дека ова е нејзината нова љубов

Некогашната позната водителка од А1 телевизија, која беше шефицата на протоколот на поранешниот премиер Зоран Заев, Иванна Хаџиевска, меѓу првите објави фотографија со газдата на телевизијата „А1“, Велија Рамковски во 2017 година.

Под оваа слика, таа напиша која напиша дека повторно ѝ ја вратил насмевката. Иванна беше водителка на некогаш популарната „Ексклузив“ и доволно провокативна во календарот на „Пелистерка“ во 2011 година, објави Репортер во една прилика.

Во видео интервју со Иванна, екипата на Репортер разговарале и на многу други теми. Таа открила како е да се биде шеф на протоколот на Заев во тоа време, и како се нашла во таа приказна.

Но, разговарале и за љубовта, бракот, нејзините денови во „А1“, за љубовта кон животните, за модата. „Да се работи со Заев е огромно задоволство.

Но, не затоа што се работи за премиер на државата, туку, пред сѐ, затоа што јас работам за човек, а потоа за политичар“, открила Хаџиевска.

Таа вели дека како дипломиран социолог, а подоцна и магистер на политички науки, по некој редослед на настаните се нашла во оваа политичка приказна.

„Политиката можеби не е во центарот на моето работење, но ако некогаш решам да се занимавам со политика и да станам политичар, навистина имам добра подготовка“, раскажува таа.

За Репортер, таа се потсетила на времето кога работела во „А1“ со екипата на „Ексклузив“. Вели дека тоа ѝ е најубавиот период од животот, но и дека тешко ѝ паднало затворањето на телевизијата.

„Кога се затвори телевизијата, утредента телефонот престана да ми ѕвони. Тогаш сфатив кои ми се вистински пријатели“, кажала Ивана во ова видео интервју.

За Велија Рамковски, Ивана рекла: „Природно е да му бидам благодарна на Велија. И колегите и јас поминевме низ сѐ и сешто.

Од Велија може многу да се научи. Често знам да кажам дека кога разговарате со него, го слушате и го пиете неговиот муабет. Тој е непресушен извор на информации и инспирација.

Иванна нги потсетила гледалите на Репортер на уметничките, малку провокативни фотографии, кои ги работела со режисерот Чадо Поповски, велејќи дека кога осамнале билбордите низ Скопје, се чувствувала како филмска ѕвезда.

Исто така, таа открила дека им помага на животните и децата со посебни потреби. Дека не троши многу пари на скапа гардероба, но сака да се облече убаво.

На прашањето за бракот со Влатко Кошевалиски, Ивана во 2017 гопдина изјави: Тоа е човекот на мојот живот и уште 100 животи да имам, пак би се омажила за него.

Тој ме поддржува и ме разбира во сѐ и тој е мојата најголема поддршка, а јас ја имав таа среќна ѕвезда да бидам со него“, рекла Ивана тогаш. Но, Република објави текст во кој се вели сосема спротивното од изјавата на Ивана.

Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година.

Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста“, стои во овој текст, а меѓу оние кои се развеле од своите партнери е и Ивана.

Поранешната водителка и советничка во владата му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски.

Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола“, стои во текстот на Република. 

Previous articleВака никогаш досега не изгледала Даниела Темелковска, во огнено црвен краток фустан со откриени рамења и полни усни (ФОТО)
Next articleЗамеша со колковите и доби туце пари во рака- добар бакшиш за Гавазова во Англија (ФОТО)