Home Live Замеша со колковите и доби туце пари во рака- добар бакшиш за...

Замеша со колковите и доби туце пари во рака- добар бакшиш за Гавазова во Англија (ФОТО)

Иако веќе почнавме да го ситниме месец јануари и помина и Божиќ, новогодишното расположение се’ уште е тука.

Социјалните мрежи се преполни со моменти од најлудата ноќ, честитки искрени или колку ради реда, но вака или така, еуфоријата е тука вројатно како резултат на она што две години сите бевме затвореници на короната.

Дамите се најприсутни за да покажат како изгледале за Нова Година, а за оние познатите, тоа е разбирливо и очекувано.

Сузана Гавазова, Кристина Димитриевска и Александра Накова, стилски ги поврзува провокативноста, независно дали е со повод или пак не, ама кога е Нова Година, тогаш провокативноста мора да е пуштена на најјако“, објави неодамна Вистина.мк

А секако Гавазова е секогап провокативна, а овие празници се надмина себеси во фустани за кои доста се пишуваше во медиумите и се коментираше на социјалните мрежи.

Гавазова е една од најкомплетните македонски фолк пејачки. Доволно добар глас, уште попримамлив стас, поглед што пали и насмевка што плени, долги нозе, бујна однапред, раскошна одзади…

Гавазова во секое време има што да понуди. И за слушање и за гледање. Можеби токму затоа е и една од најбараните кога се во прашање настапите или популарно наречените „тезги“, од кои естрадата всушност и живее.

Концерт, настап, прослава, свадба, што и да е… Работата навидум – песна, а всушност далеку од лесна и уште повеќе стресна, зашто на секоја „тезга“ треба да си 100% во форма, башка тип-топ скоцкана, а и никогаш не знаеш што те чека, со што публика и каков тип на гости ќе се соочиш.

Тоа Гавазова и тоа како добро го сфатила, па затоа се труди за секоја прилика да биде максимално подготвена“; објави исто така Вистина во друг текст, а овие описи се точни за нашата позната пејачка.

Гавазова на сцената се дава 100%. Струмичката фолк ѕвезда освен што важи за една од најубавите пејачки, докажа и колку е лојална и верна на професијата.

Во кратките приказни на нејзиниот „Инстаграм“ профил, Гавазова во една прилика го покажа нејзиното длабоко деколте и бујните гради, позирајќи во автомобилот, додека профи нашминкана со фризура во нејзин стил, тргна да се вози на ТВ настап.

Впрочем Гавазова неретко изгледа како ѕвездите од регионалната, па дури и од светската естрада, кога се модните парчиња и комбинации во прашање. Од гаредероба и обувки, до накит, аксесоари, шминка и фризура… Гавазова речиси секогаш има впечатлива визура.

Гавазова на Инста стори објави неколку свои видеа, како пее а нашинците во Англија, а таа уште претходно најави дека околу Божиќ ќе пее таму и ќе го весели нашиот народ.

А во едно од видеата се гледакако Сузе меша, па пее македонски народни песни, а еден куп веселк народ околу неа ужива и игра оро. Ама она што е интересно на овие видеа е бакшишот.

Сузана игра со туце пари, а каде е добриот бакшиш, таму е и добрата забава, а Сузе загарантирано може да ја направи, што се гледа по сите видеа кои ги шернала на стори.

Погледнете ја оваа фотографија:

Previous articleВодителката Иванна, поранешната советничка на Заев, се разведе од Влатко, веќе се зборува дека ова е нејзината нова љубов
Next articleКратко летно фустанче среде зима- Дани има совршена причика да скока од радост (ФОТО)