Home Live Домаќин прва класа, Јордан Митев го покажа својот дом во празничен амбиент...

Домаќин прва класа, Јордан Митев го покажа својот дом во празничен амбиент (ФОТО)

Една од работите кои ќе ги памети засекогаш популарниот фолк пејач Јордан Митев од минатата година, се случи во јули, кога наполни Ракометното игралиште во Битола.

Таму, тој одржа голем концерт во организација на Модното студио Шанел и првиот човек на студиото, Благоја Стојановски, познат во естрадните кругови како Пикси Шанел“, објави Докус пред неколку месеци.

На Митев му гостуваа колегите Марјан Коцев, Демир Кантуровски и оркестарот Уска Кан, а по завршувањето на настанот, пејачот доби голем број на пофалби од многубројните гости.

Да се прави солистички фолк концерт во време кога во земјава секојдневно гостуваат голем број на музички ѕвезди од регионот, кои настапуваат по плоштади, клубови и кафулиња, за многумина од нашата фолк естрада е предизвик за кој тешко би се решиле да го прифатат.

Сепак, како што за „Фокус“ раскажува организаторот Пикси, тој уште од самиот почеток верувал во Јордан Митев и знаел дека концертот ќе помине со огромен број на публика.

-Со квалитетот кој го поседува, со макотрпната работа на естрадата со години наназад, Јордан Митев е далеку пред балканските ѕвезди! За жал, нашата публика има таков обичај, секогаш повеќе да го цени она кое ни доаѓа од страна, туѓото…

Сепак, на настанот во Битола тој уште еднаш покажа дека е голем професионалец, се надевам дека е пренесена пораката да се покаже многу повеќе почит за него и за сите наши уметници, за се она кое го прават за македонската естрада – рекол Пикси за Фокус во јули минатата година.

Инаку, на фолк пејачот пред неколку години му беше забранет влезот во соседна Грција. Пејачот шокиран од постапката на грчките власти, кои што го прогласиле за непожелна личност во нивната земја бидејќи пее македонски патриотски песни, ни раскажа за непријатното искуство.

,,Завчера ми беше слободен ден. И реков, ај ќе отидам до Солун…. Не ме пуштија да поминам, морав да се вратам. Стандардно ги предадов документите на граничниот премин кај Дојран, а службеното лице ми вели, имаш забрана.

Ги прашувам како, кога бев во Овчарани пред две недели, овде поминав, а излегов кај Битола… Цариникот ми вели, нема Овчарани, има други имиња. Значи, му реков, затоа што пеам македонски песни ми ставивте забрана, а тој ми одговара

-,,Нема македонски,тоа се фир омски песни, овде е Македонија!,, Имав таму два поголеми настапи досега, еден лани на дваесетипетти декември во близина на Солун, и еден сега летово, во Овчарани.

Имав уште еден закажано, но ќе морам да ги откажам. За какви човечки права зборува модерната цивилизација не ми е јасно“, рекол Митев пред неколку години кога се случило ова.

Во една прилика, тој раскажа вистинска случка за неговата мајка.

– Колку вреди човечкиот живот?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност…За жал.

Пред неколку години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пијано докторче со својата кола, ги подбира и двајцата од тротоарот.

Ги удира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи.

Мајка ми со скршена рака, роднината со скршена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми.

Без грам доблест и одговорност, се криеа се додека поли цијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото. На кај, и дадоа некоја минимална оштета колку да не биде без ништо.

А, докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со три месеци за тво рска казна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одлеже. На нас само дебели казни, да ни дојде паметот.

Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема ,,убав на мајка”, Си направил прекршок, ќе одговараш и ќе си платиш“, напиша Митев на Фејс.

Митев на Фејсбук објваи една празнична слика од својот дом, тоест ја објави бадниковата трпеза, на која се гледа дека машка рака го крши лепчето, што значи дека Јордан ги почитува сите адети и е домаќин прва класа.

На трпезата, се гледа дека е спремено се по адетите, гравче, лепче, пита, а Јордан наздравува за здравје и среќа на сите со чашка ракија.

Previous articleКате од „Нели ти реков“ се плашела што ќе речат луѓето за за неа, а потоа татко ѝ пресекол и ѝ го сменил животот засекогаш
Next articleЗа малку ќе бил со неа место со Јелена Томашевиќ- оваа убавица е несудената љубов на Иван Босиљчиќ