Home Live Ги дале сите пари кои со години ги собирале за да му...

Ги дале сите пари кои со години ги собирале за да му помогнат на ова момче- најемотивната приказна за Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Малку се луѓето кои од се срце ќе им помогнат на другите на кои им е потребна, особено ако не ја познаваат таа личност, таквите искрено хумани личности се вистинска реткост, особено во денешно време.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ ја покажаа својата благородна страна кога пред многу години без многу двоумење ги дадоа сите пари што ги имаа за да му помогнат на момче со голем проблем.

Познатите сопружници живееле во стан во Врачар во Белград, а во улицата Иван Ѓаје број 3, дури и години по нивното заминување, се случува ова.

Минувачите сè уште застануваат за немо да се сеќаваат на великаните, да им оддадат почит и да евоцираат спомени за нивните најголеми дела и постапки кои сведочат за со големи срца.

Иако тие никогаш немаа свои деца, беа омилена на децата, и сакаа да бидат во нивно друштво, но и да помагаат кога треба, а оваа приказна е една токму таква, што би се рекло филмска.

На неа, неодамна се присететија администраторите на Фејсбук страницата на Душко Радовиќ, познатиот српски писател, песник и новинар и ја објавија еден дел на неговата страница.

Оваа информација ја пренесе Тања Петернек, на која Милена своевремено и гостувала во емисијата, а гореспоменатото момче побарало помош без која не можело да оди на опер ација на очите.

Милена и Драган никогаш не сакале јавно да зборуваат за тоа.

Имено, среде најтешката нивна криза, пред 30-тина години, познатиот пар успеал да собере пари за нов автомобил и решиле да го заменат стариот Голф, оној што секогаш морале да го туркаат за да се уверат дека ќе им запали.

Потоа се случила ситуација како на филм. Нивниот стар автомобил не сакал да запали ни тогаш кога сакале да го возат за последен пат, со него да заминат за да ги дадат парите за новиот.

Автомобилот не запалил, па Милена и Драган се вратиле дома за да повикаат некој да ја поправи колата, а токму тогаш на телевизија се појавила емисија за момче на кое итно му требала опер ација.

Познатиот актерски пар слушнал дека на момчето му е животно значење да ги оперира очите, и по ова настануѕва голем пресврт во нивниот живот, и во животот на ова момче.

Драган потоа погледнал во Милена и рекол: – Им требаат пари колку што имаме моментално во куќата.

Па, што ќе ни направи нова кола, што ќе ни е?

Откриле каде е семејството на момчето, а кога пријател дошол да ги однесе да го поправат автомобилот, му рекле да вози до селото на момчето. Претходно, тие дознале каде се наоѓа селото и како да го најдат семејството на момчето.

Им ги дале парите на семејството на ова момче, а тие биле многу изненадени.

Милена и ја потврди приказната на новинарката Тања, но таа не сакаше јавно да зборува за тоа никогаш.

Previous articleМарија: Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, ќе си стават торба од проблеми…
Next articleКате од „Нели ти реков“ се плашела што ќе речат луѓето за за неа, а потоа татко ѝ пресекол и ѝ го сменил животот засекогаш