Home Live Ирена Спировска е авион- во овој фустан изгледа подобро и од помладите...

Ирена Спировска е авион- во овој фустан изгледа подобро и од помладите од неа (ФОТО)

Водителката Ирена Спировска, една од најубавите жени кај нас вели дека никогаш нема правено никакви естетски интервенции, а нејзиниот добар изглед го препишува на здравиот живот и на балансираната исхрана.

-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години.

Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјавила Ирена во една прилика за Женски магазин.

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки..

Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции.

Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена.

Ирена повеќе од две децении наназад се врзува со ТВ-водителството кај нас. Таа важи за една од најистрајните личности на македонскиот ТВ-етер, каде што има променето низа телевизиски станици и емисии и сѐ уште е една од најбараните водителки.

Родена и порасната во Скопје, Ирена паралелно со нејзините студии на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје почнала и со ангажман во Македонската радио-телевизија.

И покрај тогашните редовни ТВ-обврски, таа успеала да го заврши факултетот на Катердата за македонски јазик и јужнословенска книжевност“, напиша во една прилика Факултети.мк за Ирена.

Иако учела средно медицинско училиште, Ирена никогаш немала голема желба и амбиција да се занимава со медицина.

Таа била на отсекот забни техничари, а најголемиот плус од нејзиниот претстој таму е што се вљубила во латинскиот јазик и тоа било предуслов да се запише на Филозофскиот факултет, каде што подоцна се префрлила на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност.

– Многу го засакав латинскиот јазик, па затоа по матурирањето се запишав на Факултетот за класични студии. Истовремено почнав да работам и како хонорарен соработник во Македонската радио-телевизија.

Сите испити од прва година ги положив уште во јунската сесија, но со текот на времето моите обврски и ангажманите во телевизија почнаа да се зголемуваат, па не бев во можност да ги следам редовно предавањата од втора година.

Поради тоа што паралелно студирала и работела, Ирена немала класичен студентски живот.

Таа постојано била на релација дома – МРТВ – факултет, но сепак наоѓала начин да стигне секаде навреме и да ги заврши обврските, што според неа е клуч за успехот.

– Сите предмети ми беа еднакво интересни и инспиративни. Особено ги сакав предавањата на професорот Венко Андоновски. Најчесто учев ноќе, кога сѐ беше мирно и кога немав други обврски.

Преку ден најмногу сакав да учам сама во библиотека, а со колегите често пиевме кафе за време на паузите и разменувавме заклучоци“, изјавила Ирена за Факултети, за својот живот како студент.

Ирена Спировска е дама во која безрезервно може да пронајдеме пример за безвременска убавина, како целина, а празниците имаат таква сила уште толку да ја истакнат и да ја издвојат со сиот нејзин сјај“, напиша Фешнел за оваа наша убава дама.

И неслучајно, под светлината на празничната магија, Ирена Спировска блескаше, во идеална хармонија со ексклузивната тоалета од ЕЛЕНА ЛУКА која не само што ѝ ласка на нејзината фигура, туку е директна интерпретација на незјината женственост, карактер и дамски манири“, стои понатаму во овој текст.

Овој медиум, објави празнична фотосесија од Ирена, која таа потоа ја шерна ја својот Фејсбук профил, и ги означи сите свои соработници. Мора да признаеме дека Спировска која е секогаш убава, вака деосега не изгледала.

За неа, годините се само бројка, секоја чест за Ирена која со убавите манири и добриот избор на облека, изгледа одлично и секогаш средена, а за добриот изглед на Спировска е „виновен“ и нејзиниот здрав живот.

Previous articleНемавме пари и бевме психички исцрпени- Емил, синот на Пепи Бафтировски емотивно ја раскажа целата приказна како успеал откако останал без татко му
Next articleМарија: Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, ќе си стават торба од проблеми…